Конкурс „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт

Од:

Агенцијата за млади и спорт распиша  Конкурс за поетски творби од автори на возраст од 15 до 29 години. Целта на новиот проект „Млади поети“ е да ја поттикне креативноста на младите и кај нив да ја стимулира љубовта кон пишаниот збор. Конкурсот ќе трае до 30 септември.

Најдобрите творби ќе бидат објавени во збирка кон крајот на 2014 година,   а  парични  награди ќе има за првите тројца –  за прва награда 15.000 денари, за втора  10.000 денари и за трета награда 5.000 денари.

Покрај критериумот возраст, во условите на конкурсот стои авторите да немаат објавено збирки поезија и да достават најмалку две поетски творби. Пристигнатите творби ќе бидат оценувани од комисија формирана од Агенција за млади и спорт.

– Секој кандидат своите дела треба да ги достави во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „предлог” под шифра, а другиот со документација со иста шифра ја содржи документацијата и идентификацијата на испраќачот, соопшти Агенцијата.

Пликовите со творбите треба да се пратат на адреса: Агенција за млади и спорт Сектор млади, ул. Френклин Рузвелт бр.34, 1000 Скопје, со назнака „за Конкурсот Млади поети“ или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. (02) 3113-705, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска