Климата на Балканот има свои екстремни моменти

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Од почетокот на годината сведоци сме на студена зима која според интензитетот и ниските температури многумина се среќаваат првпат во животот. Бранот на студениот воздух од север стигна во регионот носејќи температури пониски од 20 степени под нулата.

Во научните кругови, климатските параметри кои го погодија регионот во изминатите денови и понатаму се во согласност со карактеристиките кои ја дефинираат климата на овој дел од Европа.

Од хидрометеоролошкиот завод на Федерацијата Босна и Херцеговина, климатологот Бакир Крајиновиќ ја објасни законитоста и причините за екстремната зима во нашиот регион.

„Во босанските градови во актуелниот период најниска измерена температура е минус 25 степени, додека рекордната измерена температура за истиот регион изнесуваше минус 29. Значи, не зборуваме за рекордни температури, туку само за екстремни” – наведе Крајиновиќ.

Бранот на студен воздух кој го зафати цел регион во изминатите недели во принцип е сосема нормална појава. Во смисла на измерените температури, таа појава беше екстремна, но не и рекордна.

Според вообичаените одбележја, овој период од годината е карактеристичен по пробив на студен воздух од северот кој секоја година условува појава на помали или поголеми студени периоди, т.е. појава на екстремин вредности.

„Речиси секоја година имаме некоја од фазите на појава на климатски екстреми, а сосема е нормално во ова време на годината на нашите простори да допре воздух од североистокот, тој т.н. Сибирски или поларен воздух кој е карактеристичен по ниски температури и мали количини на снег. Што се однесува до приморскиот дел од регионот, токму зимскиот период е карактеристичен по силни врнежи под влијание на умерено јадранската клима. И издавањето на црвени метео-аларми е сосема очекувана појава за периодот и регионот” – вели климатологот Крајиновиќ.

Се од наведеното, според зборовите на експертот, идеално одговара за климатските услови на регионот и не се забележани никакви отстапувања кои укажуваат на девијантни вредности. Поради комплексноста на просторот, климатските прилики се исклучително разновидни и варијабилни. Климата на Балканот поседува екстремни моменти, но сите тие карактеристики не се невообичаени, токму поради комплексноста на просторот.

„Климата по дефиниција подразбира состојба на утврдени метеоролошки елементи на некое подрачје во подолг временски период. На пример, тоа што се случи во изминатите 30 години, треба да се случи повторно во наредниот период. Од таа причина врнежите и ниските температури се нешто на кое секогаш можеме да се надеваме” – наведе Крајиновиќ.

Теоријата за глобалното затоплување

Во минатото, регионот се сретнувал со слични временски прилики, речиси идентично ниски температури се забележани во 2006 година, а пред тоа во 2003, 2000, 1987 година, а пред тоа уште во 60-тите и 50-тите години од 20 век.

Ова наведува на мислење дека климатските екстреми биле и порани евидентни, меѓутоа, зачестената фреквенција на нивните појави сега прераснува во климатски екстрем, т.е. се доведува во врска со теоријата на глобалното затоплување.

„Глобалното затоплување во атмосферата уфрлува поголема количина на енергија, а таа енергија мора да се манифестира на некој начин и да го исфрли тој вишок на енергија. Според теориите, манифестацијата на тоа затоплување ги прават екстремни метеоролошките прилики кои се појавуваат од година во година” – смета Крајиновиќ.

Во изминатите 15 години, најмногу поминаа три години без појава на екстремни метеоролошки вредности, речиси секоја година се јавуваат нови климатски екстреми.

Студениот воздух од северот, ја помина цела Скандинавија и дел од Руската федерација, преку централна Европа и стигна до Балканот каде на брегот се судри со топлиот воздух од Јадранот, донесувајќи ниски температури на континенталниот дел, а сериозни елементарни непогоди во приморскиот појас.

На црногорското приморје орканската бура достигнуваше брзина над 140 километри на час и во комбинација со температурата на воздухот под нулата неколку дена предизвика колапс.

Од хидрометеоролошкиот завод на Црна Гора, Вучина Поповиќ препорача дека необично студениот зимски период кој доминира во Европа, исклучително екстремно се одрази на крајбрежјето.

„Снегот во приморјето е можен, но не е честа појава, меѓутоа и кога ќе падне, тој снег брзо се топи. Екстремните минуси и исклучително силниот ветер претставуваат индикатор дека дошло до климатско пореметување, во прашање е големо отстапување од вредноста на климатските нормали” – вели метеорологот Вучина Поповиќ.

Снег и мраз на морето

Просторот на Црна Гора е карактеристичен по богата планинска структура на тлото и големи надморски височини на кои температура со податоци под нула претставува секојдневие, меѓутоа, појавата на ниски температури во поморскиот појас е нешто сосема ново, на многумина невидено.

„Не е карактеристично за ова поднебје да имаме студен воздушна струја доминантна на самата линија на Средоземјето, таа требаше да остане многу подлабоко во континенталниот појас” – наведе Поповиќ.

Токму на јадранската линија дојде до судирање на двете климатски зони што донесе температурни прилики необични за приморјето. Температурата на воздухот се движеше и до минус 10 степени, а ветерот дуваше со брзина од 140 километри на час.

„На просторот на Црна Гора бевме сведоци на невообичаени климатски прилики, т.е. екстреми, а дали тие се дел од некоја поголема приказна, која е точната причина, ние се уште не сме во состојба да заклучиме” – смета метеорологот Вучина Поповиќ.

Жителите на црногорското приморје го делат мислењето дека нешто необично се случува со климатските услови, колку теоријата на глобалното затоплување била непотврдена и во фаза на претпоставки и тие нестручните сметаат дека климата се менува и станува необично сурова за тие простори.

„Ние сме на море и кога ќе падне снег, не изненадува многу и ние не знаеме што побрзо да направиме. Приморјето не знае како да се бори со таква клима, патните приоди се оковани во мраз, се е блокирано и парализирано” – рече Харун Софтиќ од барската населба Шушањ.

„Веројатно слични врнежи и температури имало и порано, но еве, колку што јас живеам тука не сум видел по екстремни услови. Во континенталниот дел на земјата беше по пријатно од тука на море тие денови” – наведе Драган Ѓокиќ, пензионер од Бар.

Жителите на приморските градови во Црна Гора се сомневаат дека со климата се случува нешто повеќе од едноставна појава на екстреми, некои сметаат дека дошло до поголемо пореметување, т.е. наговестување за нов климатски период.

„Беше страшно, ветерот носеше кровови, корнеше дрвја, струја немавме три дена, вода немаме веќе седми ден. Имавме елементарна непогода, која не е нешто со што сме се сретнувале порано. Не сум експерт но дефинитивно нешто се случува со тукашната клима и мислам дека слични работи се почесто ќе се случуваат” – смета Данило Фатиќ, жител на барската населба Илино.

Во зависност од регионот, секој локалитет во изминатите недели почувствува присуство на екстрем, каде порано немало снег, паѓаше снег, а на места каде студот порано не се чувствувал завладеаја минусни температури, но повторно измерените вредности не наговестуваат скоро подобрување. Загрижува фактот дека сите тие веќе видени сценарија ги сретнуваме речиси секоја година.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски