Кларксон, Хамонд и Меј серијалот „Топ Геар “ од Би-Би-Си го селат на Амазон

Од:

Најголемите ѕвезди на годинешниот „преоден рок“, поранешните водители на серијалот „Топ Геар“, одлучија новата автомобилска шоу програма да ја работат за интернет компанијата „Амазон“, откри Џереми Кларксон на Твитер.

На овој начин се завршија бројните шпекулации кои во последните месеци се појавија во медиумите откако Би-Би-Си во март прво го суспендира Кларксон, а потоа и го отпушти.

Преостанатите двајца водители набрзо одлучија да му се придружат за заедно да побараат нов работодавач.

По неколкумесечни преговори, Кларксон, Хамонд и Меј одбраа тоа бда биде „Амазон“, иако во јавноста како главен конкурент се споменуваше „Нетфлиџ“.

Оваа вест Кларксон ја сподели со своите фанови на Твитер, додека „Амазон Инстант Видео“ на истата социјална мрежа објави фотографија од тројцата водители.

За сега нема информации за тоа колку е „тежок“ новиот договор, но весникот „Стандард“ наведува дека е во прашње „значајна инвестиција“, цитирајајќи инсајдерски извор од „Амазон“.

Според истиот извор, Кларксон, Хамонд и Меј потпишале верност од три години, односно три сезони, од кои првата треба да почне да се снима веќе есенва.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ