Кисела Вода беше домаќин на повеќе од 150 дечиња во првиот КЛ7 Куп

Од:

Во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Општина Кисела Вода се одигра ракометен куп на кој учествуваа повеќе од 150 деца.

На првиот „КЛ7 КУП“, во мини ракомет, се натпреваруваа повеќе екипи од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“. Најбројни беа дечињата од Кисела Вода, од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и ООУ „Кузман Шапкарев“ кои одиграа 18 натпревари.

Најмладите учесници, родени 2013 година играа на мини ракометни терени. На нив најмалку од се им беше важен постигнатиот резултат, најважно од се им беше што овие натпревари ќе ги врежат во својата меморија како ден кога прв пат биле дел од екипа која игра пред публика.

Со овој КУП се развива мотото Ракомет за секое дете, бидејќи децата добиваат можност за натпревари кои се најсилното орудие за нивно развивање во играчи.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода