Кипар: 10.000 коронавирус тестови за вработените во некои бизниси

Од:

Министерството за здравство на Кипар почна нова програма за тестирање на 10.000 вработени кои имаат директен контакт со клиентите од бизнисите што почнаа со работа во втората и третата фаза од укинувањето на рестриктивните мерки во земјата.

Во конкретната група се вклучени вработените во библиотеките, музеите и археолошките локалитети, во моловите и трговските центри, во хотелите и туристичките објекти, во фитнес центрите, како и во угостителските објекти во внатрешниот дел, кои имаат можност сами да се пријават.

Досега во рамките на програмата направени се 337 анализи, а закажани се 1.022 термини за тестирање.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска