Казахстан апелира до Алијансата предводена од Москва за помош при справувањето со протестите

Од:

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев изјави денеска дека апелирал до безбедносната алијанса поддржана од Москва за помош за справување со протестите низ државата.

„Денеска упатив апел до шефовите на државите на ОДКС (Организација на Договорот за колективна безбедност) да му помогнат на Казахстан во надминувањето на оваа терористичка закана“, рече тој на државната телевизија. Токаев додаде дека „терористичките банди“ што ги водат протестите „добиле обемна обука во странство“, јавија западни медиуми.

Казахстан денеска прогласи вонредна состојба на целата територија, откако ескалираа протестите. Локалните медиуми јавија за вонредната состојба повикувајќи се на коминике прикажано на државната телевизија на Казахстан.

Претходно беше прогласена локална вонредна состојба во областите кои беа најмногу погодени од протестите: економската престолнина на Казахстан – градот Алмати, регионот Мангистау и главниот град на земјата Нур Султан.

Протестите почнаа во неделата во провинцијата Мангистау, која произведува нафта во западен Казахстан, по укинувањето на прописите со кои беше ограничена цената на горивата.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Горан Наумовски