Осумнаесетгодишно момче од Кавадарци вчера попладне почина на фудбалски натпревар.
Момчето се обидело да ја прескокне оградата и да влезе на теренот, но одеднаш паднало на земја.
Веднаш било пренесено во болница, но по 50-минутно обидување на медицинските лица за реанимација, починало.
Истражниот судија нареди да се изврши обдукција.
Елена Георгиевска