Катица Јанева бара апанажа

Од:

Ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, која е во притвор како обвинета во аферата „Рекет“, побарала апанажа, соопшти претседателот на Комисијата за изборите и именувањата, Илија Димовски.

Димовски рече Јанева го доставила барањето преку нејзината адвокатка Ирена Фрчковска. Станува збор за едногодишна исплата којашто им се дава на службениците по истекот на нивниот мандат.

Димовски за „А1он“ рече дека Комисијата ќе одлучи за барањето, а неговиот предлог ќе биде негативен.

Во Комисијата трае седница на која треба да бидат избрани раководителите на Државниот завод за ревизија.

Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и го извадила обвинетиот Орце Камчев од притвор со позитивен предлог до судот за сума од 50 илјади евра и една софа. За овој предмет наскоро се очекува да почне судењето.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов