Новиот крузер „Карневал“ ќе биде главна атракција меѓу младите и оние кои сакаат активен одмор.
Испловувањето на „Карневал“ е планирано за средината на 2016 година, а покрај големиот број занимливости бродот ќе има курс за планинарење и голем аква парк со тобогани високи и до 140 метри, јави news.com.au.
Една од забавните содржини ќе биде и патеката за велосипеди, за авантуристите да можат да уживаат во возењето велосипед околу бродот и тоа на височина од 45 метри над палубата.
Во прилог на овие активности, гостите ќе можат да уживаат и во киното кое ќе ги прикажи најновите холивудски блокбастери, класични филмови и документарци.
За љубителите на пивото, секкао, ќе постои и паб.