Југославија можела да направи атомско оружје – нови документи на ЦИА

Од:

Тајниот документ на ЦИА од 1975 година посочува дека поранешна Југославија ги имала сите потребни капацитети и залихи на ураниум од сопствени извори за да направи атомска бомба до 1980 година, тврди професорот Филип Ковачевиќ кој имал ретка прилика да има увид во осум тајни документи.

Ковачевиќ, кој е предавач на Универзитетот во Сан Франциско и чие поле на работа е истражување на работата на разузнавачките служби, до материјалите дошол откако во февруари 2016 година се обратил до ЦИА со барање за документацијата за југословенската атомска програма.

– По повеќе од една година, во октомври 2017 година добив осум документи на 84 страници. Документите го опфаќаат периодот од триесет години, од 1957 до 1986 година и сите имаат назнака за висока тајност. Документите во одредени делови се редактирани за да се сокријат изворите на информации, а во попратното писмо ми беше кажано дека постојат уште многу материјали на оваа тема кои остануваат недостапни поради влијанието врз американската национална безбедност, вели Ковачевиќ.

Во документите според него, пишува дека веднаш по Втората светска војна, Југославија воспоставила соработка со САД за равој на атомска програма и испраќала студенти на специјализација на американските универзитети. Во 1952 година Југославија во соработка со научниците на Американското геолошко друштво извршила истражување на целата територија и утврдила дека постојат наоѓалишта на ураниум во Словенија и во Злетово во Македонија.

Во друг документ од 1979 година се наведува дека само наоѓалиштето во Словенија може годишно да произведе 300.000 тони ураниум, што е доволно за околу 300 тони ураниум оксид (атомско гориво).

Професорот посебно напоменува дека од документите, може да се види дека ЦИА била одлично информирана за се што се случува во Југославија, со очигледно добро организирана мрежа на информатори во југословенските институции.

Меѓутоа, и покрај тоа, се смета дека Американците не можеле да влијаат на одлуките на југословенските политичари.

Документите недвосмислено покажуваат дека политичкото раководство на Југославија на чело со Тито соработувале и со Западот и со Истокот, само во онаа мера во која тоа одговарало на југословенските интереси. Кога Американците не сакале нешто да дадат, тогаш се обраќале на Русите.

На пример, кога во средината на педесеттите години САД не сакале да испорачаат експериментален атомски реактор, Југославија веднаш го купила од СССР.

Кога станува збор за можноста СФРЈ да произведе атомска бомба, од документите на ЦИА недвосмислено може да се заклучи дека за 20 години многу силно би се зајакнала југословенската атомска програма. Во документот на ЦИА од 1958 година се заклучува дека Југославија нема капацитет за производство на атомско оружје, но во документот од 1975 година ЦИА го тврди спротивното-капацитет постоел.

Како што тврди Ковачевиќ, во последниот документ ЦИА прецизира дека Југославија може да произведе атомска бомба до 1980 година. Според него, Југославија можела да произведе “бомба над бомбите“ но се зависело од политичката волја на тогашното раководство.

Некои од тоа раководство, во кое Тито во тие години немал повеќе доминантно влијание, веројатно ја виделе својата иднина надвор од југословенските граници, кои според професорот Ковачевиќ би биле спасени доколку Југославија поседувала атомско оружје.

Би можело да ве интересира

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

Поранешна СФРЈ сè уште е жива во Кочани, титовистите го одбележаа нејзиниот 80. роденден

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА сексуално злоставувал и дрогирал 20 жени

Горан Наумовски

ЦИА и МИ6: Не го потценувајте Путин, а со Кина развивајте добри односи

Предраг Петровиќ