Јордан егзекутира двајца ирачки џихадисти како одговор на убиството на јорданскиот пилот

Од:

Во Јордан рано утринава беше обесена ирачката терористка Саџида ар Ришави, на чие ослободување инсистираше Исламска држава, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на извор од безбедносните сили.

Џихадистите вчера лиферуваа видео снимка од убиството на заробениот јордански пилот Муас ал Касасбех, кого жив го запалиле.

Како одговор на неговото убиство јорданските власти го егзекутираа и Зијад ал Карбули, висок претставник на Ал Каеда, кој беше заробен и осуден на смрт за изведување повеќе напади врз прозападното кралство во последните десет години и за убиство на еден Јорданец во 2008 година.

Саџида ар Ришави беше осудена на смрт за нејзиното учество во бомбашките напади во Аман во 2005 година, во кои имаше 60 жртви.

Би можело да ве интересира

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

Јордан: Никој во регионот не верува во израелската приказна за експлозијата во болницата