Јанкуловски елиминиран од вториот носител на фјучрс во Италија

Од:

Македонскиот тенисер Бојан Јанкуловски денеска загуби од вториот носител Ерик Крепалди од Италија на фјучрсот што се игра во Санта маргартита ди Пула, Италија.

17-годишниот Јанкуловски е елиминиран во второто коло со што успеа да освои еден поен. Младиот македонски тенисер досега има освоено два поена (1/4 финале на фјучрс во Бугарија) и се наоѓа на 1.631 место на АТП листата.

Денешниот меч од второто коло Јанкуловски го загуби со 2:0 во сетови (6:2 и 6:3 во гемови).

Македонскиот тенисер денеска ќе има настап и во четвртфиналето во игра на двојки каде со Куртис Кларк (Велика Британија) ќе играат против вторите носители Клаудио Фортуна и Рикардо Синикропи од Италија.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ