Во ГРОМ се приклучија 14 советници од седум општини

Од:

Кон Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ досега пристапиле 14 советници од други политички партии и независни советници од вкупно седум општини во земјава.

Ова денеска го соопшти претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски според кого сите овие советници ќе се борат за интересите на граѓаните во советите во кои се членови, но под знамето на Граѓанската опција за Македонија, следејќи ја програмата на ГРОМ, но во исто време ќе бидат конструктивни во советите на своите општини и ќе го даваат својот придонес во полза на граѓаните што ги претставуваат.

– Тоа се госпоѓата Душица Сеизова-Јовановиќ, досега независен советник во Советот на Куманово, од каде ни се приклучува и д-р Драги Караџиски, исто така независен советник. Бобан Младеновски, досега член на Српската напредна странка, советник во Старо Нагоричане, отсега ѝ пристапува на ГРОМ, како и Љупчо Настоски, досегашен независен советник во Советот на Охрид. Од Советот на Росоман, ни пристапува Спасе Ристевски, досега член на СДУ, а од Пробиштип – советникот Горан Ефремов, кој беше член на НСДП.

– Од Кавадарци ни пристапуват двајца независни советници, Димтар Жарков и Златко Јованов, а од Советот на Кисела Вода ни се приклучува д-р Чедомир Саздовски, досегашен член на СДУ. Во ГРОМ се вклучуваат и петмина советници од Карпош, кои досега ја претставуваа Српската напредна странка, а тоа се д-р Зоран Поповски, д-р Добрила Андоновска, Дејан Димковски, Горан Михајлов и Роберт Живадиновиќ. Сакам на сите нив да им се заблагодарам за поддршката, но и на сите оние што ги поддржале на советничките листи, рече Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Не продаваме ништо ниту пред избори ниту по избори“: ГРОМ, Интегра и ПЦЕР ја промовираа коалицијата

Орце Костов

Трагедија во гевгелиско Негорци – тинејџер загина од удар на гром

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Огромен гром во Канада удри авион во лет

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Јакимовски за „Алумина“: Ќе доминира зеленило, се работи за објекти како во Дубаи и Чикаго

Александар Тодески

ГРОМ: Нотарските изјави од пратениците, Мицкоски веројатно ќе употреби како тоалетна хартија

Арсовска го именуваше Александар Трајановски од ГРОМ за заменик градоначалник

Катерина Ѓуровски