Јадран филм: Покренати нови кривични пријави и побарување од Горјан Тозија

Од:

„Во врска со постојаните неуспешни обиди на Горјан Тозија да ги тргне очите на јавноста од новоткриените измами тешки неколку стотини илјади евра, споменувајќи ја “ТВ СЕРИЈАТА МАКЕДОНИЈА” , “ЈАДРАН ФИЛМ” може само да ја повтори старата вистина која се однесува на Горјан Тозија:

„Горјан Тозија можеше да ги лаже некои луѓе некое време, ама Горјан Тозија не може да ги лаже сите луѓе цело време. Правдата е бавна но сепак е достижна.”

Начинот на кој што Горјан Тозија се обидува да манипулира со македонската јавност и политичките фактори со ефтини трикови навистина е под секое ниво.

Наместо искажаните лаги и навреди го повикуваме Горјан Тозија да одговори на сето она за што го обвинуваат документите и текстовите на истражувачкото новинарство.

Го повикуваме Тозија да каже дали тој еден ист стан го продал два пати и дали должи огромна сума на пари токму на овие лица?

Со својата изјава на својот фејсбук профил Тозија го открива точно она што се обидува да го сокрие.

Тој го промовираше видео-материјалот и на тој начин го направи достапен на сите граѓани на Македонија, на сите културни работници, Владата на РМ, сите политички партии, Собранието на РМ и сите што до пред некое време го подржуваа и штитеа токму него.

Ние за жал, Тозија предобро сме го запознале. Ја повикуваме македонската јавност да ги погледне токму тие видео-материјали.

Понатаму, тезата дека е злонамерно да се зборува за нешто што се случило пред 25 години е застрашувачка особено кога се слуша од представник на државна функција. Фактот дека нешто не се случило денес или вчера не го намалува криминалниот карактер на тоа дејство, напротив уште посилно алармира дека една личност може долго време да ги крие своите измами и притоа да помине неказнето од институциите на системот.

Тозија залудно го спомнува “ЈАДРАН ФИЛМ” обидувајќи се да го сврти вниманието од измамите кои ги има направено кон своите поранешни другари.

1. Вистинската причина за пресметката на Горјан Тозија со “ЈАДРАН ФИЛМ” и ” ТВ серијата МАКЕДОНИЈА” е таа што одбивме рекет од Горјан Тозија.
2. Тозија како поранешен соработник на “ЈАДРАН ФИЛМ ” се обидуваше преку серијата “ МАКЕДОНИЈА” да ги врати своите огромни приватни долгови во Хрватска, од времето кога се задолжил кај поголем број на луѓе, негови поранешни другари.
3. “ ЈАДРАН ФИЛМ “ го одби таквото барање, а Горјан Тозија виде дека нема да може да извлече пари за да ги врати своите приватни долгови, па на НЕЗАКОНСКИ начин, самоволно и без согласност на УПРАВНИОТ ОДБОР, го раскина договорот со “ЈАДРАН ФИЛМ”.
4. Против Горјан Тозија заедно со нашите меѓународни партнери подигнавме повеќе кривични пријави и одштетни барања.
5. Снимањето на “ТВ серијата МАКЕДОНИЈА” на наше големо задоволство е продолжено во студиото “ОРСОН ВЕЛС’’ во Јадран Филм и на останати локации.
Нашата продукција веќе ја има договорено дистрибуција на серијата во голем број држави“ се вели во соопштението на Јадран Филм.

Би можело да ве интересира

„Јадран филм“ најави дека ќе ја тужи Агенцијата за филм, парите им биле незаконски одземени

Наум Локоски

Агенцијата за филм на РМ: Одземени 300 илјади евра од „Јадран филм“ за неисполнувањето на договорот

Ана Ололовска

Грубишиќ: По неуспешниот рекет, Тозија се нафрли на „Јадран филм“

Наум Локоски

Реакција на „Јадран филм“: Владата е погрешно информирана, серијата „Македонија“ се снима

Наум Локоски