Израел бара акција против Иран поради нападот на танкерот

Од:

Министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц денеска предупреди дека Израел мора веднаш да дејствува против Техеран, откако минатата недела брод управуван од компанија во израелска сопственост беше погоден од дрон, кој, како што тврди Ганц, „очигледно го испратил Иран“.
Ганц го опиша нападот на нафтениот танкер „Мерсер стрит“ во четвртокот како голема ескалација од Иран, објави „Тајмс оф Израел“.
„Иранската агресија во регионот воопшто, а особено на поморскиот фронт, се интензивира“, рече Ганц во Кнесетот.
– Ова е причината зошто мораме да дејствуваме токму сега против Иран, кој не само што се стреми кон нуклеарна воена програма, туку води и до опасна трка во вооружување и нарушување на стабилноста на Блискиот Исток, истакна Ганц.

Тој предупреди дека има стотици ирански беспилотни летала во Иран, Јемен, Ирак и други земји.

– Во изминатата година имаше најмалку пет ирански напади врз меѓународни бродови, од кои некои користеа беспилотни летала произведени од иранската воена индустрија, додаде Ганц.

Во нападот на нафтениот танкер „Мерсер стрит“ загинаа две лица од британска и романска националност.

Израел, САД, Велика Британија и Романија го обвинуваат Иран за нападот, што Техеран го негира.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск