Измама на хегемонијата

Од:

То Вима – Атина

Владата обично се однесува како да е хегемонистичка и доминантна политичка сила во земјата.

Хегемонијата што ја практикуваат не е реална. Граѓаните манифестираат и откриваат друга приказна во сите нивни акции пред претстојните локални, за Европскиот Парламент и национални избори.

Одговорите на учесниците во анкетата спроведена за „То Вима“ во врска со изборите за градоначалник на Атина се индикативни.

Кандидатот кој ја има поддршката од Сириза во трката за градоначалник на Атина Насос Илиопулос, поранешен заменик-министер и близок соработник на премиерот, освои трето место во анкетата и доби поддршка од само околу десет проценти од гласачите.

И покрај тоа што е прерано да се извлечат цврсти заклучоци, се чини дека кандидатот на Сириза можеби дури нема ни да влезе во вториот круг со Костас Бакојани од Нова демократија, кој во моментов е фаворит.

Проблемите на Сириза не се ограничени само на Атина. Повеќето анкети велат дека бројките на владејачката партија во локалната власт кои се пресликуваат на национално ниво се проблематични.

На владините кандидати им недостасува импулс и поддршка во префектурата Атика, во Солун и во други градови.

Кандидатите на Движењето за промени и на левиот центар на кои Ципрас им се додворува, се во многу подобра позиција.

Како што поминува време, општиот консензус е дека кандидатите поддржани од Владата ќе бидат поразени и во повеќето случаи нема да влезат во вториот круг.

Некои ова го припишуваат на специфичностите на локалните избори и особено на фактот што за време на годините на власт Владата не успеа да проникне и да има влијание во општините и локалните заедници.

Сепак, тоа не ја оправдува контрадикцијата меѓу хегемонијата на СИРИЗА и вистинскиот, ограничен контакт и односи на партијата со гласачите.

Колку изговори и да измисли владината пропагандна машина, човек се уште мора да се запраша зошто гласачите не ги сметаат кандидатите на Ципрас за привлечни или дури и интересни.

Судејќи по се, граѓаните или не ги одобруваат службените бројки, како што е случајот со префектурата Атика, или едноставно не веруваат дека одредени кандидати избрани од премиерот ќе донесат промени.

Може да се претпостави дека ставот на граѓаните открива поопшто отфрлање што ја надминува и оспорува наводно хегемонистичката улога на Сириза во грчката политика.

Оттука, со тек на време, хегемонијата или била изгубена или одржувана како измама за да ги подгрева неоснованите планови.

Она што е сигурно е дека партијата што изгледаше хегемона и силна во 2014 и 2015 година ја изгуби таа слика за време на нејзиниот непродуктивен и проблематичен мандат.

По речиси петгодишно владеење, се исцрпе поттикот што го даваше наводната политика против меморандумот. Моралната предност на левицата беше поткопана од внатре со бројни акции и избори. Што е најважно, беше тестирана способноста на Владата ефикасно да се справи со работите на земјата.

Во текот на сите овие години, тие ги делеа наместо да ги обединат луѓето. Тие граѓаните ги преоптоварија со даноци без да понудат можности или да создадат сериозни и посебни услови за напредок.

Пред сè, тие не успеаја да излезат со предлог со визија за иден раст, па така тие повеќе не предизвикуваа ентузијазам или емоции кај грчкиот народ.

Како резултат на тоа, се повеќе и повеќе гласачи жалат и се чувствуваат виновни што гласале за Сириза.

Накусо, оние кои се на власт беа изгорени од привлечниот шарм на волшебникот наречен моќ, едноставно затоа што им недостасуваа квалитети на самоконтрола и самоограничување.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски