Истанбул: 20 уапсени поради поврзаност со ИД

Од:

Поради сомнеж за поврзаност со терористичката група Исламска држава, турската полиција уапси 20 лица.

Полициски екипи за борба против тероризмот извршиле истовремено операција во шест реони на Истанбул – во квартовите Багџелар, Кучукчекмеџе, Јумрание, Бајрампаша, Бејликдусу и Пендик, при што се приведени 20 лица, од кои 16 се странски државјани.

Уапсените турски државјани порано се бореле во Сирија и Ирак во редовите на ИД. Шеснаесетмината странци се приведени во момент додека чекале инструкции од џихадистичката група за извршување напад на турска територија.

При претрес во рамки на операцијата, полицијата одземала документи и материјали на терористичката организација.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски