Иселеници од Дебар на средба кај градоначалникот Љата

Од:

Градоначалникот на Дебар Ружди Љата денеска оствари средба со членови на Бордот на татковинското друштво „Дибра“ на дебрани во САД.

Посакувајќи им пријатен престој и ним и на сите дебарски иселеници, кои летниот одмор го минуваат во родниот крај, градоначалникот Љата ги запозна со реализираните активности што се насочени кон создавање европски град.

Тој посебно задоволство искажа од фактот што тие ги негуваат фамилијарните врски, не ги забораваат своите во Дебар и ги помагаат финансиски нивните роднини, посебно студентите.

– Ја ценам вашата заложба да ги сочувате корените од каде потекнувате, што не го заборавате родното огниште и посакувам што почесто да доаѓање, да ги негувате традициите, обичаите и културата. Посакувам, како и до сега да бидете примерни,трудољубиви и почитувани граѓани на САД, да го продолжите пријателството со САД и тие и понатаму да бидат силни пријатели на Албанците, каде и да се, посочи Љата.

Претседателот на друштвото „Дибра“ Дашнор Мифтари, кој првпат беше заедно со уште четворица членови на Бордот на друштвото, позитивно ја оцени соработката со локалната власт.

– Наша цел е да ги разгледаме можностите за проширување на соработката и она што можеме ние да помогнеме за нашиот град. Го сакаме Дебар, многу ни се допаѓа кога сме тука, иако сме одлучиле да живееме во САД, рече Мифтари, споменувајќи и повеќе активности кои се одржуваат со финансиска поддршка на иселениците.

Тој побара во соработка со локалната власт и другите институции да се подготви календар на активности за месеците јули и август, што би придонело за помасовно доаѓање, пред се на децата на иселениците.

Во однос на она што во моментот е најпотребно околу одржувањето на хигиената и уредување на градската депонија, градоначалникот рече дека на ЈКП „Стандард“ во актуелниот миг најпотребно му е булдожер.

Тој уште со молба до нив да изградат, како што рече, симбол од печалбарите, како што е примерот со Центарот за култура, кој е изграден од солидарноста на жителите на Скопје по катастрофалниот земјотрес што го погоди Дебар во 1967 година.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари