Инвалиди самоиницијативно штитат село од поплави

Од:

Двајца пријатели инвалиди, еден со оштетен вид, а другиот без рака, веќе 12 години го штитат своето село од поплави така што садат дрвја.

Ѓија Хаиси и Ѓија Венќии двајцата на возраст од 53 години, секое утро стануваат во седум часот за да засадат дрвја околу селото Јело во североисточната кинеска провинција Хебеј.

Иако едниот е слеп, а на другиот му е апмутирана раката, тие досега засадиле повеќе од 10.000 стебла.

Пред да започнат со садењето селото било опкружено со напуштени полјани обраснати со коров.

Заедно изнајмиле три хектари земјиште од локалната влада и одлучиле да го пошумат, со цел на населението да му обезбедат здраво опкружување и да ги заштитат од евентуални поплави. Бидејќи садниците се премногу скапи, Хаисија и Венчи користат гранки кои ќе ги исечат од повисоките дрваја.

Оваа работа им помогнала на двајцата да ги надминат своите хендикепи. Венќи често на грб го носи својот пријател кога треба да се премине реката, додека Хаисија сече гранки и копа дупки за садење.

Нивната приказна која што ја пренесе „Синхуа“ стана доста популарна на интернет, па така двајцата самоиницијативни еколози добиле морална и парична поддршка од голем број луѓе, а тим хирурзи се понудил бесплатно да го оперира Хаисија за да му се врати видот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски