Индијан Велс: Дел Потро го запре Ѓоковиќ

Од:

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на турнирот од мастерс серијата во Индијан Велс, откако во финалето изгуби од Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро. Исцрпувачкиот дуел, кој траеше два часа и 50 минути, заврши со резултат 4:6, 6:4, 6:4.

Се играше на „пеколна“ температура, која на теренот достигаше повеќе од 40 степени. Дел Потро во финишот имаше повеќе сила и заслужено стигна до третата победа во 11-те меѓусебни дуели со Ѓоковиќ. Мечот беше потполно изедначен скоро до последниот поен.

Nole-DelPotro2

Во првиот сет, играта на Ѓоковиќ беше сигурна и на противникот на му беше дозволена ниту една брејк шанса. Вториот сет беше скоро невероојатен.  Првите три гема беа завршени со брејкови. Дел Потро и трет пат направи брејк и поведе со 5:2. Новак се обиде да се врати во вториот сет, но не му успеа.

Одлучувачкиот дел од мечот започна извонредно за првиот играч на светот. По 3:0 за Ѓоковиќ, Србинот започна да попушта и од поен во поен беше видливо дека ударите му стануваат се послаби и непрецизни. Дел Потро ја виде приликата и успеа да го сврти мечот во своја корист. Со неверојатен ас, Аргентинецот го доби натпреварот и со тоа ја запре серијата од 22 победи на Новак, која траеше од крајот на минатата сезона.

Противник на Дел Потро во финалниот меч ќе му биде Шпанецот Рафаел Надал, кој беше подобар од Томаш Бердих.

 

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ