Империја 2.0: Опасна носталгија и неоколонијална фантазија на владетелите во Велика Британија по Брегзит

Од:

Гардијан – Лондон

Велат дека кога лордот Норт, премиер за време на Американската револуција, ги добил едно утро вестите дека британските сили ја загубиле војната, а заедно со неа и американските колонии, тој силно и физички го почувствувал ударот на вестите, како да бил застрелан со мускет. „О Господи, се заврши“, напишал тој во својот дневник.

Загубата на американските колонии е првиот случај кога процесот на градење на британската империја претрпел значителен пораз и тоа ни стана почеток на носталгичен копнеж за загубени колонии – и богатството и глобалното влијание и оние кои веруваат во нив – станаа дел од нашата национална психа. Дури и изградбата на Втората британска империја во 19. век никогаш целосно не ја излекува раната од загубата на Америка, а крајот на британскиот империски престиж по Втората светска војна ја продлабочи таа рана.

И покрај сето тоа, одамна постои нејасно формулирана идеја дека Велика Британија може некако повторно да ги собере расфрланите сегменти од империјата. Винстон Черчил зборуваше за глобален сојуз на англискоговорни народи, вклучувајќи ја и Америка, и генерации политичари и историчари од секакво политичко миље одвреме-навреме исфрлаа слични идеи, кои во последно време ја нарекуваат таа концепција „англосфера“.

Дел од проблемот со слични шеми денес е што тие произлегуваат од националната дебата за изгубената империја, која пречесто е внатрешна дебата, првенствено фокусирана на она кое „ние“ сме го правеле или не сме го правеле, и дали „ние“ треба да сме горди со тоа. Што „тие“, народите од претходната империја и сегашната Заедница на нациите (Британската заедница), мислеле за тоа некогаш, и што мислат по тоа прашање сега, ретко станува дел од таа солипцистичка дебата.

Но, по минатата недела – кога беше соопштено дека претставници на Вајтхол ги изнеле плановите за британските трговски односи со Заедницата на нациите по Брегзит како „Империја 2.0“ – „тие“ имаа многу нешта да кажат. Африкански и индиски новинари и блогери многу се забавуваа на наша сметка, исмевајќи ја идејата. Уште полошо што фразата која можеби била иронично искористена, се појави кога познатиот индиски дипломат Шаши Тарур, кој е по професија историчар, беше во Велика Британија, рекламирајќи ја својата нова критична книга за британската колонијална експлоатација на Индија. Остар како и секогаш, Тарур беше категоричен дека во Индија идејата за „Империја 2.0“ ќе се стопи како „оловна топка“.

Тој нов акцент врз Заедницата на нациите непријатно потсети на однесувањето на скоро разведени сопружници, кои си ги наоѓаат поранешните партнери на Фејсбук, па се шокираат кога ќе откријат дека тие склучиле нов брак, имаат деца и продолжиле напред. Можеби имаат скапоцени спомени, може дури да сакаат да задржат добри односи, но навистина не им недостасуваме. Поранешните колонии, како и старата љубов, градат нови односи, базирајќи се на своите сопствени потреби и амбиции. Некои можеби се целосно подготвени за подобар трговски договор или за повеќе слобода на движење, но тие не сакаат повеќе да се дел од Империја 2.0 отколку што мнозинството од нив сакаа да се дел од Империја 1.0.

И тоа не е единствената неоколонијална фантазија која неодамна беше извадена замрзнувачот и набрзина стоплена. Друга таква е концепцијата за „КАНЗУК“, сонот за зона за слободна трговија и слоободно движење меѓу Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд – за време на битките на Галиполи и на гребенот Вими во Првата светска војна. Во време кога одбележуваме еден век од тие битки, не можеме а да не признаеме дека во Отава, Канбера и Велингтон тие се помнат како важни чекори по патот кон независност и национални држави, моменти кога тие поранешни владенија почнаа за се оддалечуваат од Велика Британија, наместо да се зближат со неа. „Тие“ повторно имаат свои сопствени спомени нкои не секогаш се совпаѓаат со нашите.

Во краен случај, она кое ја претвора Империја 2.0 во фантазија, се силите на географијата и историјата. Иако што Канада, на пример, има несомнени културни врски со Велика Британија, таа има и граница со САД која се простира на над 8,800 км. Тоа и нејзиното членство во Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА) значат дека нејзиниот главен трговски партнер неизбежно се САД, а не Велика Британија. Австралија и Нов Зеланд веројатно имаат дури посилни емоционални и културни врски со Велика Британија, но со подемот на азиските економии, нациите од другата страна на Земјата се наоѓаат на прагот на најголемиот индустриски регион во светот. Австралија штотуку мина преку рударскиот бум сличен ан „златната треска“ од 19. век, а извозниците гледаат кон Пекинг, а не кон Лондон.

Во англојазична Африка ситуацијата е веќе јасна. Мопедите по улиците на Акра и Лагос се кинески, склопени од локални механичари од делови кои директно се доставуваат од кинеската провинција Шандун. Новите полуфабрикати во Западна Африка се кинески шпагети, а не „фиш енд чипс“ (риба и компирчиња), а супермаркетите кои ги продаваат се сопственост на Јужна Африка. Многу англојазични Африканци се уште имаат длабоки емоционални, економски и често и семејни врски со Велика Британија, но оние кои имаат пари веќе се исто така склони да отидат на одмор во Дубаи, колку и во Лондон.

И покрај тоа, најострата подводна скала на која стапнува фантазијата за Империја 2.0 е самата историја. Во 19. век, Велика Британија беше истовремено две нешта: центарот на најголемата империја на светот, и најголемата индустриска и трговска земја која светот некогаш ја видел. И покрај тоа, официјалната империја и трговската империја не беа едно исто. Иако империјата, особено Индија, без сомнение помагаше за богатењето на Велика Британија, дури со процутот на моќта тргувавме повеќе со Европа и САД отколку со колониите. Во 19. век, британскиот капитал се насочуваше кон растечките градови во Америка и кон економијата од крајниот ЈУг на САД која беше базирана на памукот и движена од робовскиот труд. И иако голем дел од Африка беше обоена со кралско црвено на мапите, за кои се знаеше дека висат во секоја класна соба, Велика Британија тргуваше повеќе со малата Данска отколку со Нигерија, една од најголемите западноафрикански колонии.

Империјата дури и во расцутот на својата моќ никогаш не се приближи до тоа да го прифати нашиот цел извоз, или да го обезбеди поголемиот дел од увозот. Заедницата на нациите исто така нема да го стори тоа, независно колку добар трговски договор ќе постигнеме. Империја 2.0 е претенциозна визија за иднината, која се заснова на искривен и неправилен спомен за минатото. Таа е заблуда, и како и сите заблуди има потенцијал да ни вдахне лажно чувство за безбедност и да не поттикне на донесување на неправилни решенија.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он