Хрватска 2025 година, колку тажна ќе биде таа земја

Од:

Индекс – Загреб

Можете ли да замислите како Хрватска ќе изгледа јадно и бедно ако ваквата јадна и лоша политика продолжи следните години? Каде ќе работите (ако имате воопшто среќа да работите), каде ќе растат вашите деца и ќе бараат работа, каде и како ќе примате или не пензија? Состојбата во која се наоѓаме веќе шест години, ако итно не се почне со реформи, ќе создаде хорор на тажна и социјално и политички поделена земја. Од една страна политичката олигархија и јавниот сектор кои гладно викаат: Уште, уште, уште!, од друга страна се помал број на тие кои сето тоа го плаќаат.

Дојдовме во фаза кога треба да се прашаме, ако продолжиме вака, дали мнозинството од нас во пензија ќе имаат за јадење и да платат и греење? Дали ќе зависиме од парите кои децата и внуците ќе ни ги праќаат од странство? Дали ќе станеме вистинска карипска република, со блесави фаци со големо его кои се менуваат на власт, а промени никако нема?

Нема вистински реформи

Вистински реформи кои Хрватска би ја ставиле до една Чешка, Словачка или Австрија едноставно нема. За реформите само се зборува, а двете големи партии никако да излезат со нешто конкретно. И јасно е зошто. Вистинските реформи би ја уништиле самата суштина на политиката како што таа се замислува во Хрватска. Таа клиентелистичка политика, каде постои само еден интерес, да се сместиш добро себеси и своите на работни места во јавниот сектор. Договор на неодредено, без одговорност и до пензија.

Доста е на пример да се погледне Предлог Стратегијата за развој на јавната администрација 2014-2020 година, каде се планира дека отказите на службеници кои се непотребни ќе се случат некаде кон крајот на 2020 година! Значи, целиот работен мандат наводно процесите ќе се поедноставуваат, па ако се добие уште еден (значи СДП да биде на власт три мандати по ред!), тогаш ќе се гледа дали има вишок службеници. Верувате во тоа?

СДП овие три години не се удостои ни да направи реформи во жупаниите, макар самата СДП и колаициските партнери да држат само неколку западни, кои и така во некоја реформа би станале заокружени региони. Значи, СДП не сакаше ни реформа која на неа би и биле во корист!

Од друга страна, ја имаме ХДЗ со митска економска програма, но која секако молчи околу приказната дека државата мора да биде ефективна и поефтина. Секако, бидејќи токму ХДЗ, дури и многу повеќе од СДП живее од цела армија локални и регионални службеници, комунални фирми, општини, градови, жупании, развојни агенции и се друго каде можат да постават заслужни членови и активисти.

Затоа, да погледнеме како Хрватска ќе изгледа за 10 години, ако вака се продолжи, а се зборува дека вака ќе продолжи.

Геополитичкото опкружување

Во 2025 година Европската унија има 29 членки. Нова членка е нашиот јужен сосед Црна Гора. Потпишан е и ТТИП, трговски договор меѓу САД и ЕУ, така да е создадена стопанска целина од речиси милијарда луѓе.
Босна и Херцеговина е таму каде што е и сега; блокирана земја без никакви реформи. Бројот на Хрватите паѓа, така што функционирањето на Федерацијата БиХ е под огромен знак прашалник. Државата е цела само благодарение на високиот претставник кој со декрети, како порано британските гувернери, управува со три народи кои не сакаат да бидат заедно. Припадниците на останатите два народа очајнички се обидуваат да најдат хрватски или црногорски предци во семејното стебло, за да го добијат толку посакуваниот ЕУ пасош и да заминат засекогаш. Поврзано за БиХ, Пристаништето Плоче, наспроти изгубените милијарди во развојот, не работи. БиХ нема индустрија која е во функција, а тоа пристаниште е замислено како пристаниште токму за индустриските потреби на БиХ.

Србија и понатаму е каде што е. Формално неутрална држава, распната меѓу ЕУ и Русија. Низок стандард, ефтино монтирање на индустриски производи и земјоделие.

Косово – можеби единствена држава во опкружувањето, која заради ниски стартни броеви, барем малку напредува. Некаде околу 2025 година почнуваат преговори за влез во ЕУ, со голема хрватска помош.

Демографија

Податоците се јасни. Во 2013 година родени се 39.939 деца, но умреле 50.386 лица. Бројот на формалните бракови денес е помалку важен, но бројот на родените деца не се зголемува, ниту со вакви стопански показатели ќе се зголемува. Тоа значи дека само биолошки 2025 година ќе ја дочекаме со еден Осиек помалку.

Точни податоци за иселувањето од Хрватска немаме, бидејќи луѓето не се одјавуваат. Но затоа, Германија води прецизна статистика, според пишувањето на Дојче веле, во првите шест месеци во 2014 година во Германија се вселиле 21.000 Хрвати или 202 отсто повеќе во однос на првите шест месеци во 2013 година. Да додадеме на тоа дека на 1 јуни 2020 година ќе истечне и крајниот 7 годишен рок колку членките на ЕУ можат да ја ограничат слободата на движење на работниците; и од тој ден вработувањето на Хрвати во Германија и другите земји кои ги воведоа ограничувањата ќе биде слободно.

Со оглед на се, можеме да очекуваме барем 30.000 луѓе кои годишно ја напуштаат Хрватска и 2025 година ќе ја дочекаме со под 4 милиони луѓе. Од тие 4 милиони, третина живеат во круг од 50 км од Загреб, единствено место кое обезбедува каква таква егзистенција.

На стотина километри од загрепската градска плажа веќе се наоѓаат празни села кои се останати само како топоними на мапата и необработени полиња, светското стопанство во 2025 година произведува уште поевтино од денес, Хрватска со мали полиња и заостанат начин на работа тука едноставно нема да има шанси.

Бруто домашен производ

Ова што сега се зборува, за 0,2 отсто, оптимистично 0,5 отсто, па и да е 1 отсто раст од БДП е премалку дури и за сервисирање на надворешниот долг. Дополнително, растот на каматите на светско ниво уште пред 2020 година ќе направи државата да има се поголеми проблеми. Решение ќе биде раст на некои даноци и за сигурно зголемување на ДДВ на 27 отсто, како во Унгарија. Поинаку, државата нема да биде во можност да ги сервисира своите потреби.

Растот на каматите задолжувањето ќе го направи се потешко, некаде во времето по 2020 година, министрите за финансии алчно ќе ги гледаат парите во втор пензиски столб и ќе размислуваат за национализација на истиот.
Во 2021 година, ќе имаме една измама, значително ќе се зголеми БДП по жител. Едноставно, според пописот таа година (по компјутерски водениот попис) ќе има речиси 10 отсто помалку жители. А БДП per capita се мери според пописот. Исто така, таа година ќе се зголемат и резервите на питка вода; статистички се водат според густината на населението.

Индустрија, образование, вработување

Просечната плата во развиените покраини на Кина ќе бидат поголеми од хрватскиот просек. Кинеските инжинери ќе имаат повеќе од нашите, Светот во 2025 година во целост ќе се промени. Во Хрватска и понатаму ќе кукаме – Сакаме индустрија! со сеќавања како било тоа во дамнешните 70-ти години. Таква индустрија веќе нема. Роботите работат се повеќе, а за индустријата во втората четвртина на 21 век, едноставно не сме подготвени.

Светот на големо се подготвува за Марс, а Хрватска и понатаму не е членка на Европската вселенска агенција. Нема пари. Но, бидејќи во реалниот сектор работат помалку луѓе од 2015 година, а пензионери има се повеќе, се помалку пари има и за образованието. Затоа, заостануваме и понатаму.

Нешто пари ќе доаѓаат и од вадење на нафта во Јадранот. Да, ќе се најде нешто, но кај подморските бушотини самото вадење е скапо и државниот колач не е голем, како кога вадите од песок. Помага, но заборавете дека ќе станеме Норвешка, бидејќи толку нафта нема. Слично ќе биде и со туризмот. Служи сезонски да се вработат многу луѓе, но немојте да мислите дека (освен ако не сте сопственик на хотел или некој апартман) од тоа можете пристојно да живеете.

Алфа и омега на политичкото опстојување останува потпирањето на јавниот сектор. Затоа никој релевантен, ни по цена на губење на иднината на цели генерации, не се осудува јавно да каже дека многу средношколски занимања се изгубени, дека ни требаат сосема нови занимања. Причината е едноставна, на многу наставници треба да им се каже среќата да ја побараат во реалниот сектор и да вработат нови наставници, нови насоки. Информатичари и сродни. И да се платат, а тоа би ја нарушило урамниловката каква што ја сакаат синдикатите од јавниот сектор. Цели занимања се гасат, но Хрватска само рабно ќе ја промени образовната програма и уписните квоти.

Некаде околу 2025 година онлајн трговијата претставува значаен дел во Хрватска. Дополнително, поради падот на стандардот, профитабилните мрежи на трговијата се исклучително ниски. Хрватските трговски ланци одговараат на начин како што тоа го направија нивните колеги во богатите држави: масовно се воведуваат самонаплатни каси, на касиерките се даваат откази, а просторот го чистат и навечер ги редат полиците студенти и пензионери присилени да заработат плус (да не заборавиме, од 2014 година пензионерите можат да работат по 20 часа неделно без да мора да ја замрзнат пензијата). Наспроти тоа, средните училишта и понатаму штанцаат трговци, фризери и други суфицитарни занимања. Покрај тоа што уште барем 10.000 трговци ќе останат без работа. Никој не прави планови што ќе биде со нив.

Во 2025 година доаѓаат и првите самовозечки комерцијални камиони. Занимањето возач на камион забрзано се гаси, но Хрватска и понатаму ќе школува ист број. Никој, како што рековме, не се осудува да ги намалува директорите на училиштата. Ниту пак, погодувате, работат на планови што со постоечките луѓе чии занимања стануваат суфицитарни.

Слично е и со факултетите. Ќе останат сите за кои знаете, со слични уписни квоти, но со се помалку пари. Само неколку факултети, на грб на европските фондови ќе можат видно да го зголемат квалитетот на студиите.

Останатите, покрај целиот труд на професорите, можат да пружат само просечност. Многу ни тоа. Ниту пак некој се загрижува за тоа. И понатаму се студира со идејата дека дипломата е важна која е услов за влез во јавниот сектор.

Дополнително и во науката доаѓа до негативна селекција; млади доктори на науки си заминуваат, не примарно поради платите, туку поради условите за работа.

Невработени

Бројот на невработени поради демографските показатели се намалува, но не под 200.000 луѓе. Од една страна ќе имаме недостиг на школувани луѓе, од друга страна тука и понатаму ќе бидат десетици илјади луѓе без работа, кои едноставно не се оспособени за било што што ќе треба во 2025 година. Да ги погледнеме сегашните податоци, Хрватска има околу 310.000 луѓе без работа; само што почна сезонското вработување, но меѓу нив:
без училиште и со незавршено основно училиште (16.911 или 5,3 %)
со завршено основно училиште (66.332 или 20,8 %)
со завршено средно училиште со занимања во траење до 3 години и училишта за КВ и ВКВ работници (105.741 или 33,1 %)
Покрај овие бројки, тука се и неколку десетици илјади луѓе на кои занимање им е гимназиски матурант. Понатаму, да ги заборавиме категориите КВ и ВКВ бидејќи до 2025 година сите ќе бидат во пензија.

На крај доаѓаме до поразителен податок – околу 200.000 невработени во Хрватска едноставно немаат никакви квалификации кои ќе се бараат во 2025 година!

На ова да ги додадеме и горе наведените кои во трговијата ќе добијат откази. Да додадеме и дека во 2025 година за чистење на училишта и други објекти со големи рамни површини ќе се користат роботи, т.е. чистачките ќе останат само за тоалетите и да се избрише правот од масите. Да додадеме и дека доставата во дел ќе ја вршат дронови. Па да се сетиме дека и градежништвото на големо користи 3Д печатари. Се заедно, исклучително ќе биде мал бројот на работни места за кои во 2025 година ќе бидат потребни луѓе со завршено средно училиште. Керамичари, дрводелци и неколку стотици занимања каде треба да се има вешти раце (добро ќе живеат било каде!) – останатите едноставно не требаат на никого.

Дали сте прочитале некоја стратегија која ова го решава? За Америка можеби да, за Хрватска не. Ова прашање никој не се осудува да го покрене. Исто како што пред 25 години никој не го покрена прашањето што ќе правиме со 100.000 работници во текстилната индустрија за која беше јасно дека кај нас ќе се изгаси.

На кого ќе му биде добро?

Секако, нема да биде лошо на сите. Нередите во Северна Африка нема да се решат уште со години и Хрватска ќе остане една од водечките туристички дестинации. Кој ќе има апартмани, ќе му биде добро.

Во Шенгенот ќе дојдеме до 2018 година, а укинувањето на граничната контрола позитивно ќе делува на туристите од Словенија и уште подобро, богатите од Австрија (каде во петок често и покусо се работи). Се до средниот Јадран ќе се почувствува продолжената сезона и порано почнување на пред сезоната, кога екипа од Виена ќе се упати на прво сончање.

Денталниот туризам ќе биде развиен (дополнително нашата дијаспора од САД и Канада редовно ќе ги поправаат забите во текот на годишниот одмор, за неколку пломби ќе заштедат цела карта), значи заминувањето на лекарите од Хрватска нема да се одрази на заболекарите.

Што се однесува до другите лекари, Хрватска има среќа што БиХ и Србија имаат добри медицински факултети, нема да влезат наскоро во ЕУ, а стандардот е уште понизок од нашиот. Можете да очекувате се повеќе лекари со необичен акцент, но ќе бидат поквалитетни. Друго прашање е колку ќе ги има во јавното здравство, а колку ќе мора да ги платите. Ако имате со што да ги платите.
Добро ќе им биде и на наставниците за јазици. Луѓето ќе ги трошат и последните резерви на пари за да научат јазик и да можат да отидат надвор да работат. Или да можат децата да им отидат надвор. Значи, ако планирате било каков облик на училиште за јазик, од јазична градинка до норвешки за лекари, ќе имате работа.

Платите и пензиите

Добра вест е дека нема да има поголеми падови на платите. Лоша е дека нема ни да растат, бидејќи за тоа нема да има економски услови. Нема да донесеме нови инвестиции, нема да има супстанци кои ќе овозможуваат раст на платите. Мал број професионалци, посебно тие кои лесно можат да отидат да работат надвор од Хрватска, а неопходни се, можат да очекуваат поголеми примања.

Пензискиот систем цело време ќе биде пред распад. Ние едноставно немаме и нема да имаме неколку стотици илјади нови работници. Одност меѓу работник и пензионер ќе биде добар ако до 2025 година нема повеќе луѓе во пензија од луѓе што ќе работат. Власта нема да ги намалува пензиите, но ќе заборави дека и понатаму постои инфлација од 2 до 3 отсто годишно. Покрај помалиот раст обично во предизборна година, очекувајте за 10 години реално 20 отсто пониски пензии од што се денес.

Политиката и партиите

Цело, токму цело време СДП и ХДЗ ќе се менуваат на власт. И нема да направат ниту една, ама баш ниту една клучна реформа. Бидејќи, клучна реформа е реформата на јавниот сектор, а двете партии живеат од тој сектор. Целата парадигма на хрватската политика и посебно на двете партии (бидејќи во тие помалите имате многу мали шанси нешто да се добие) е создавање на партиска војска за сметка на вработување на свои луѓе.

Кога во сиромашна жупанија на некого ќе му дадете 8 до 9.000 куни, колку што има просечен ВСС, вие буквално добивате партиски војник, некој подготвен да лепи плакати, да ги поддржи партиските лидери, да стане ако треба во четири наутро, да ги повика сите роднини за да го поддржат кандидатот на неговата партија! Колку тој кадар е помалку способен, помалку паметен, помалку вреден и помалку може да се очекува некоја кариера во реалниот сектор, толку ќе биде подобар војник. Толку ќе биде поблагодарен на партиското лидерство кое му дало незаслужена позиција.

И затоа нема да има никакви реформи во локалната самоуправа, секое укинување на општините, градовите, жупаниите, би ја уништило целата парадигма на таа нивна партиска политика, која веќе 25 години се гради во Хрватска. Дури, бидејќи повеќе нема толку државни фирми, се забележува и јакнење на разни комунални и слични здруженија, се со цел да се вработуваат подобни во јавниот сектор. Иако тоа секако го уништува реалниот сектор, но нашата висока политика реалниот сектор ја зима како нужно зло, ниту некој работел во него, ниту пак го сакаат. Вистинскиот реален сектор е независен од политиката, а во Хрватска политиката, во старата традиција на Сојузот на комунистите на Хрватска, сака да биде алфа и омега. Сака да го управува и да го контролира целото општество.

Другарот Тито ќе се врати

Накусо, ако итно не се покренат силни реформи, Хрватска за 10 години ќе биде тажна земја на сезонски работни места и голем јавен сектор, земја каде на една страна ќе има неколку стотици илјади добри со плати, а од друга страна тажни, сиромашни и фрустрирани луѓе. Ќе бидеме држава многу попразна од сега, со поголеми социјални разлики и без перспектива, освен иднината во заминување преку граница за барање на работа.
А ништо, баш ништо не говори дека ќе се покренат реформи.

Е, да и уште еден детал. Во 2025 година ќе истече и вториот претседателски мандат на Колинда Грабар Китаровиќ. Новиот, социјал-демократски претседател на Хрватска ќе ја врати бистата на другарот Тито на Пантовчак. Приказната за Тито, партизаните, усташите и Втората светска војна ќе биде актуелна и во таа идна Хрватска.

Ако не верувате во горе наведеното, снимете го овој текст и поставете аларм на часовникот во април 2025 година. И нека ви е со среќа, како и каде пловиме – ќе ви треба! 

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски