„Хроника на еден сон“ – премиера на Прилепскиот театар

Од:

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ вечер од 20 часот на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Хроника на еден сон“ според текстот на Ивана Нелковска, во режија на младата Ивана Ангеловска.

Ова е втора премиера на Прилепскиот театар годинава, прва соработка на режисерката Ангеловска со прилепскиот ансамбл, а текстот на Нелковска првпат се поставува на сцена.

Нелковска на денешната прес-конференција рече дека искуството е бесценето и возбудливо.

– Првпат се поставува овој мој текст на театарска сцена и јас цело време, од околу еден и пол месец додека се подготвуваше претставата, бев со актерите. Искуството е прекрасно, возбудливо и имаам трема како публиката ќе ја доживее претставата, рече Нелковска.

Според режисерката Ивана Ангеловска, оваа прва соработка со прилепскиот ансамбл е големо искуство.

– Екипата е една од најдобрите и задоволство беше работата на претставата. Станува збор за 12 различни приказни, фрагменти и се движат на танката граница меѓу сонот и реалноста. Зборуваат за дезинтеграција на човештвото, за уништувањето на човечките вредности под притисокот на современото општество. Се обидовме да отвориме некои прашања што нам ни се чинеа битни, како на пример, што значи во денешното општество да си човек и дали постојат какви било вредности, истакна Ангеловска.

За актерката Катерина Чакмакоска-Клинчевск – првото искуство во работата со Ангеловска отвора нови сознанија.

– Секогаш е предизвикувачко искуство кога првпат работите со режоисер, иако Ангеловска ја знам зашто генерациски сме блиску. И овојпат како актер научувам нови работи и секогаш е така во еден процес на создавање претстава, посебно од ваков тип која говори за современото живеење и сите негови предизвици, рече Чакмакоска-Клинчевска.

Во „Хроника не еден сон“ костимите ги изработи Марта Трендафилова, музиката е на Зоран Тевдовски, а во претставата играат: Марија Спиркоска-Илијеска, Игор Трпчески, Александар Тодески, Катерина Чакмакоска-Клинчевска, Ана Тодеска, Илија Волчески, Марјан Чакмакоски, Виолета Чакарова, Ангела Наумоска.

Веднаш по завршувањето на МТФ „Војдан Чернодрински“, кој ќе се одржува во Прилеп од 9-ти до 16 јуни, Прилепскиот театар ќе почне со подготовките на третата премиера годинава – „Клетници“ според романот на Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски.

Би можело да ве интересира

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска