Хјундаи: Американските царини за автомобили ќе претставуваат безбедносна закана за САД

Од:

Јужнокорејската компанија „Хјундаи“ предупреди дека евентуалното воведување царини за увоз на автомобили од страна на САД ќе се одрази на воениот сојуз меѓу двете држави.

– Царините би биле поразителни за „Хјундаи Моторс“, соопшти компанијата, потсетувајќи дека САД имаат безбедносен интерес да одржуваат добри односи со Јужна Кореја додека се во тек преговорите за нуклеарно разоружување на Северна Кореја.

Американскиот претседател Доналд Трамп наложи изработка на анализа за тоа дали увозот на возила во САД претставува закана за американската национална безбедност и најави воведување царини од 25 проценти за странските автомобили.

Автомобилите претставуваат 13 проценти од јужнокорејскиот извоз, а компаниите од оваа држава имаат свои фабрики во САД, каде произведуваат од една третина до половина од автомобилите што ги продаваат на американскиот пазар.

Во своето соопштение, „Хјундаи“ воедно потенцира дека тие главно произведуваат седан автомобили, а не кросовер или СУВ спортски возила, со што не се претерано голем конкурент на американските производители.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска