ХИВ вирусот станува „разводенет“ како што еволуира и на крајот би можел да стане речиси безопасен, открива голема студија на Универзитетот Оксфорд.
Вирусот, што ширум светот зарази 35 милиони луѓе, се поретко предизвикува СИДА, и на крајот би можел да стане помалку смртоносен и инфективен, веруваат научниците.
– ХИВ еволуира околу имунолошкиот систем и кога ќе зарази некој со поинаков имунолошки систем станува „заробен“, појасни професорот Филип Гулдер.
– Може да се стопи или мутира за да опстои, а ако тоа се случи, тогаш ја губи можноста за размножување, што го прави значително помалку заразен и повеќе не може да предизвика СИДА, додаде тој.
До овие докази тимот на Гулдер дошол по анализирање на болеста во Боцвана, која имаше долго време проблеми со ХИВ и во Јужна Африка, каде вирусот стигна една деценија подоцна.
– Можноста вирусот да се размножува е за десет проценти помала во Боцвана отколку во Јужна Африка, и тоа е совршено возбудливо, заклучи тој.
Вирусот всушност ги намалува шансите да предизвика болест и придонесува кон елиминација.
Резултатите, објавени во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“, укажуваат на тоа дека антиретровирусните лекови го принудиле ХИВ да еволуира во поблаги облици.