Хасан Рохани и Барак Обама размениле писма

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани и американскиот претседател Барак Обама разменија писма, потврди денеска иранското Министерство за надворешни работи.

Уште во неделата Обама изјави дека меѓу него и Рохани имало коресподенција, главно на тема Сирија. Во писмото Обама го поздравил изборот на Рохани на функцијата.

Портпаролот на иранското МНР Марзие Афхам изјави дека во писмото Рохани ги изнел погледите за различни теми, без да соопшти повеќе детали.

Медиумите во САД пишуваат дека веројатно писмата се првиот чекор кон зајакнати контакти меѓу двете земји. Рохани најави учество во сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк овој месец и се очекува тој и Обама во ист ден да се обратат пред Собранието. Афхам изјави дека не е планирана средба меѓу нив.

САД и Иран ги прекинаа односите во 1980 година, набрзо по нападот на американската Амбасада во Техеран, извршен од студенти и исламски екстремисти.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана