Хакер дошол до снимки и материјали на семејството Буш и нивни пријатели

Од:

Компјутерски хакер се здобил со електронски писма, снимки, приватни телефонски броеви и адреси на членови на семејството Буш и нивни пријатели, меѓу кои и материјали на двајцата поранешни претседатели -Џорџ Буш постариот и неговиот син, пренесоа американските медиуми.

Сајтот „Smoking Gun“ соопшти дека хакерот, кој бил активен на мрежата под псевдонимот „Гуцифер“, се здобил со снимка на 88-годишниот Буш постариот од неговиот престој во болницата во Хјустон, каде тој недоамна лежеше со бронхијална инфекција.

Оваа снимка и другите материјали, поврзани со семејството Буш, беа ставени на посочениот сајт, но неговата автентичност засега не е потврдена, посочуваат американските медиуми.

Џим Макграт, портпарол на Џорџ Буш постариот, изјави дека заради случајот е почната кривична истрага, но не сакаше да ги коментира информациите на сајтот.

Од канцеларијата на Буш помладиот одбија вооошто да го коментираат случајот, а од канцеларијата на ФБИ во Хјустон ниту потврдија, ниту демантираа дали има истрага.

„Smoking Gun“ го опишува Гуцифер како хакер со долгогодишно искуство, кој неодамна упадна и во владини сајтови.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат