Грузија бара засилено американско присуство на Кавказ

Од:

Грузија е за зајакнување на безбедносната и одбранбената соработка со САД и за посилно американско присуство на Кавказ. Тоа го изјави грузискиот премиер Георгиј Гахарија на средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Тбилиси.

Гахарија истакна дека основата на стратешкото партнерство меѓу САД и Грузија за вредности како што се слободата и демократијата, како и заедничките геостратешки интереси, соопшти прес-службата на грузиската Влада.

„Вие многу добро знаете колку е важно ова прашање за нашата земја, чии територии се окупирани, бидејќи се уште има окупацискии сили стационирани на нашата земја“, нагласил Гахарија.

Од своја страна, Мајк Помпео потенцирал дека САД ќе стори се што е можно за да ги зајакне демократските институции на Грузија и да ги поддржи европските и евроатлантските интеграции на земјата.

За време на преговорите со Помпео се дискутирало и за состојбата со пандемијата на коронавирусот. Грузија се надева дека ќе биде меѓу првите земји во светот што ќе прими американска вакцина против САРС-CoV-2.

Би можело да ве интересира

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

Поранешниот шеф на ЦИА стана директор на украинска компанија за мобилни телефони

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски