Грција: 102 починати од Ковид-19, 1.395 новозаразени

Од:

Изминатата седмица, конечно имаше стабилизирање на најтешките индикатори на пандемијата, односно на нови пациенти приклучени на апарати на дневно ниво и на смртните случаи во земјата, рече професорката епидемиолог и член на надлежната комисија во Министерството за здравство на Грција, Вана Папаевангелу на денешната редовна прес конференција за состојбата со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во последните 24-часа во Грција се регистрирани 102 смртни случаи и 1.395 новозаразени, а Папаевангелу рече дека рестриктивните мерки, конечно носат резултат, а се забележува и намалување на новите случаи, кои во изминатите седум дена се во просек по 1.500 дневно.

Професорката објасни дека постојат две главни причини што ја загрижуваат Комисијата на епидемиолози и ја спречуваат да препорача укинување на мерките за време на новогодишните и божиќните празници.

Првата е исполнетиот капацитет на Одделите за интензивна нега, што заклучно со вчера беше 82 отсто, а втората причина е големиот број активни случаи во Грција особено во северниот дел на земјата.

За активните случаи, професорот епидемиолог Гикас Мајоркинис рече дека постои намалување во целата земја и истакна дека намалување има и во однос на новозаразените.

Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, намалувањето е за осум до десет отсто на новите случаи, додека пак во Солун достигнува дури и до 30 проценти.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани вкупно 122.648 позитивни случаи, а починаа 3.472 лица.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди