Грантови од 200.000 денари за современа производство на јаболко во Преспа

Од:

Триесет и пет производители на јаболки од Преспа ќе добијат грант од УНДП за опрема, материјали и стручни совети за спроведување современи производни практики. Повикот за доделување на грантовите за воведување агроеколошки мерки во сливот на Преспанското Езеро е објавен, а максимален износ по грант изнесува 200.000 денари.

Во рамките на овој втор циклус, понудена е поддршка за интегрална заштита, исхрана и наводнување на постоечки јаболкови насади и за промена на култура.  Изборот на примателите на грант ќе се изврши преку бодување според претходно дефинирани критериуми за селекција, како и согласно резултатите од стручен тест на знаење. Со цел да им се олесни изучувањето на агроеколошките мерки, како и подготовката за тестот, достапни ќе бидат соодветни материјали во форма на снимени предавања од стручни лица, прирачник и краток основен курс за агроеколошки мерки.

Грант програмата е овозможена во рамките на Проектот за заштита на Преспанското езеро, кој УНДП и Општината Ресен го спроведуваат со финансиската поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Проектот за заштита на Преспанското езеро има за цел да воведе сеопфатни мерки со кои значително ќе се подобри еколошката состојба на езерото и неговата отпорност кон притисоците кои доаѓаат од неговото сливно подрачје.

Би можело да ве интересира

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

Орце Костов

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Ана Ололовска

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Ана Ололовска

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја