ГПЦ донираше специјална опрема за грчката војска на границата со Турција кај Еврос

Од:

Електрична опрема за осветлување на оградените точки, материјал за одржување, зајакнување и проширување на ограда на површина од 8.000 метри квадратни, како и камери за термички надзор, се дел од донацијата во висина од 49.000 евра од Грчката православна црва за војската на Грција за зајакнување на обезбедувањето на границата со Турција кај Еврос, јави дописничката на МИА од Атина.

Донацијата одобрена од Светиот синод на ГПЦ, денеска од Архиепископот Јеронимос ја прими министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос.

Во донацијата, наменета за војниците на Еврос, вклучени се и четири термички камери со современа технологија во вредност од 40.000 евра.

-Ви нудиме симболичен подарок. Мал придонес за вашите напори и жртвувања што симболизира дека сме блиску до вас и заедно со вас, истакнал грчкиот Архиепископ Јерономис и како што соопштија од ГПЦ, се осврнал и на важниот придонес на црквата во минатото, а како пример споменал дека за време на востанието против Отоманската империја, епископот Андрусис Јосиф во 1822 година, побарал од сите цркви и манастири да соберат злато и сребро за доброто на татковината.

Министерот за одбрана на Грција, му се заблагодарил на грчкиот Архиепископ за донацијата „со огромна симболика“ и додаде дека со конкретните камери надзорот на границите ќе биде поефективен.

-Вооружените сили секогаш се бореа за националните права со благослов на црквата. Така е и сега. Вашиот благослов секогаш даваше крилја во нивната борба, рече Панајотопулос, а паралелно се осврна и на неодамнешната криза кај Еврос, каде што, како што рече, имаше „обид за организирана инвазија“, што всушност „е дефиниција за хибридна закана“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски