Гофан преку Ѓоковиќ до полуфиналето во Монте Карло

Од:

Белгискиот тенисер Давид Гофан се избори за место во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако вечерва го совлада најдобриот српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 2-1.

Првиот сет Белгиецот го доби со 6:2, во вториот беше 6:3 за Ѓоковиќ, а во решавачкиот трет 7:5 за Гофан.

Ова беше прва победа за Гофан во меѓусебниот дуели со Ѓоковиќ кој во досегашниот скор води со 5-1.

За место во финалето Гофан ќе игра со победникот од мечот меѓу Рафаел Надал и Диего Шварцаман.

Во другото полуфинале ќе играат Алберт Рамос и Лука Пуј.

Мастерс во Монте Карло се игра за награден фонд од 4.273.775 евра.