GM повлекува над 200 илјади возила на сервис во Кина

Од:

Американската компанија Џенерал моторс повлекува 207.766 возила на сервис во Кина поради проблеми со сопирачките, соопшти денеска надлежната кинеска институција.

Програмата за сервисирање ќе почне од 15 јуни, а на поправка се повлекуваат автомобили од луксузниот седан модел „Бјуик лакрос“, произведени во периодот од 11 јануари 2006 до 1 септември 2009 година.

Компанијата ќе изврши бесплатна замена на неисправните делови на сопирачките и ќе ги елиминира постоечките неправилности на свој трошок.

Автомобилите што се повлекуваат, се произведени во одделение на компанијата во Шангај, основана во 1997 година. Џенерал моторс моментално има три фабрики во Кина и ја завршува изградбата на четвртата.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска