Ѓоко Котевски нов директор на затворот Шутка

Од:

По заминувањето на Александар Наумовски од директорското место во истражниот затворот „Скопје“, на негово место доаѓа Ѓоко Котевски, кој претходно беше директор и на Управата за водење матични книги, дел од Министерството за правда.

Народниот правобранител, Иџет Мемети, во неколку наврати предупредуваше дека во Истражниот затвор во Шуто Оризари, притворениците ги немаат основни човекови права, не се исполнети ниту минимум услови, а пак одделенијата биле пренатрупани.

Со критики за лошите услови во затворот во Шуто Оризари се придружија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваа дека условите во кои во затворот во Шутка се чувале притворените за настаните од 27 април биле како во нацистички логор, а пак ќелиите немале изолација, ниту греење.

К. Л.