Герила акција: Дрвјата во Расадник родија згради

Од:

Герила акција во Расадник. На местото каде што треба да се градат сто нови згради, на дрвата никнаа хартиени згради, во знак на револт против одлуката за масовна градежна експанзија на овој дел од градот.

Граѓанските активисти порачаа да не се уништува, како што велат, единствената зелена оаза, во населбата Кисела вода, која е сместена помеѓу индустриска зона со бројни фабрики.

„Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно од сè е како во еден од најзагадените градови на светот и во еден негов дел, кој што веќе е густо населен и има огромна фабрика загадувач, општинарите сакаат да направат ни помалку ни повеќе туку 100 нови згради во простор кој што претставува оаза на природата во центарот на градот. Просторот наречен Расадник некогаш бил периферија на градот, а градот се развивал и растел околку него. Токму затоа тој останал остров на биодиверзитетот, во самиот град на просторот Расадникот денеска сè уште живеат голем број диви зајаци, еребици, лисици, фазани, желки, ежови, клукајдрвци и десетици други врсти птици, мали цицачи, влекачи и инсекти“, велат граѓанските активисти.

„Денеска дрвата во Расадник еволуираа и родија згради, утре можеби и зајаците ќе протестираат. Сè е можно во оваа чудесна Македонија која еволуира секојдневно. Прашање на еволуцијата е и кога општинарите и градежната мафијо-ндустрија ќе еволуираат и ќе сфатат дека градот не го прават само зградите, туку градот е сложен систем на објекти, простори и вредности во кој место треба да има и за дрвата и за луѓето и за зајаците и за пољанките. А којзнае можеби еволуцијата на општинарите е завршен процес и ова никогаш нема да го сфатат“, порачаа граѓанските активисти до надлежните.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода