„Газпром“ би можел да ги зголеми инвестициите во „Турски поток“

Од:

Енергетскиот гигант „Газпром“ во текот на оваа години би можел да ги зголеми инвестициите во проектот за изградба на гасоводот „Турски поток“ за дополнителни 50 милијарди рубљи (720 милиони евра), соопшти денеска руската компанија.

Ваквата одлука е донесена на денешното заседание на Советот на директори на „Газпром“, на кое се расправало за инвестициската програма на компанијата за 2017 година.

Претходно беше предвидено во текот на оваа година, „Газпром“ во проектот „Турски поток“ да инвестира 41,92 милијарди рубљи (600 милиони евра).

Проектот „Турски поток“ предвидува изградба на гасовод од рускиот црноморски брег, преку дното на Црното Море до северозападниот дел на Турција. Гасоводот треба да има морска траса во должина од 910 километри и копнена траса од 180 километри на турска територија.

Предвидено е гасоводот да има две линии, од кои едната ќе биде наменета за дистрибуција на гас за поторшувачите во Турција, а втората за потенцијалните корисници во Јужна и Југоистична Европа.

„Турски поток“ треба да биде со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри годишно, а неговата изградба се проценува дека ќе чини 11,4 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

Орце Костов

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

Орце Костов

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Путин потпиша нов указ: На Гаспром му се забранува да купува природен гас поскап од редовните цени

А1он

Германскиот увозник „Унипер“ го тужи „Газпром“ за неиспорачување гас

Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

А1он