Бенитез го праќа Одегард во друг клуб како позајмен играч

Од:

Новиот тренер на Реал Мадрид, Рафаел Бенитез одлучил дека младиот Норвежанец Мартин Одегард нема да му биде потребен за следната сезона.

Одегард е најмладиот играч што настапил за А национален тим во историјата на фудбалот.

16-годишниот Одегард ќе биде позајмен на Виљареал, Малага или Бетис.
Бенитез сака Норвежанецот да има полна минутажа на натпреварите, што во Реал нама да ја добива со оглед на конкуренцијата.

Одегард во јануари дојде во Реал за четири милиони евра.

Од клубот најавуваат дека тој ќе отпатува на турнејата во Австралија и Кина, а во август ќе оди во новата средина како позајмен играч.