Финансиска полиција: Цел на претресот не е пратеникот од Струга туку неговиот татко

Од:

Управата за финансиска полиција од утрово прави претрес во домот на родителите на пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Јован Јаулески од Струга, а тој на социјалните мрежи објави дека претресот го разбира како притисок пред денешното гласање за доверба на Владата на Зоран Заев. Управата за „А1он“ потврди дека се прави претрес, но цел на претресот не е пратеникот.

„Претрес се прави, но цел не е пратеникот туку неговиот татко. Во моментот кога влеговме кај нив ние воопшто и не знаевме дека се во роднинска врска. Неговиот татко е раководител на секторот за јавни набавки во ЕВН и тој е дел од еден голем предмет на кој работиме“, изјави директорот на Управата Арафат Муареми за „А1он“.

Претресот се прави во Скопје, а имотот, според документацијата, е на име на таткото на пратеникот.

За целиот случај Управата најави дека ќе ја информира јавноста преку соопштение во текот на денов.

Пратеникот Јаулески на „Фејсбук“ објави дека утрово во пет часот во неговиот дом упаднала Финансиска полиција.
„Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција! “, напиша Јаулески.

Седницата на која ќе се гласа за доверба на Владата треба да почне денес во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Томовска: Во координација со финансиската полиција ќе одлучиме дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири

Управата за финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Горан Наумовски

Арсовска игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на Финансиска за украсувањето

Орце Костов

Финансиската полиција денеска треба да влезе во Град Скопје

Трговци со зеленчук ја оштетиле државата за 300.000 евра: Финансиска со кривични за даночно затајување

Орце Костов

Финансиска поднесе кривични против три лица и фирма, предизвикале штета на Управата за водење матични книги

Ана Ололовска