Филип Рикер: Балканот последната година забележа значителен напредок

Од:

Балканот има значителен напредок во последната година откако владите од регионот покажаа „поголем реализам и волја да донесат тешки одлуки“, истакна заменик-помошникот на американскиот државен секретар Филип Рикер.

Тој истакна дека во април е постигнат исклучително важен договор за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

– Реализација на договореното е од големо значење за следната етапа. Успешната реализација на Договорот од Брисел би можело да доведе до подобри економски перспективи и подобар животен стандард за двата народи, посочи Рикер.

Осврнувајќи се на Косово, американскиот дипломат наведе дека важно е да се обезбеди учество на граѓаните на косовските локални избори, што се закажани на 3 ноември.

Рикер изрази жалење за состојбите во Босна и Херцеговина поради тоа што „политичарите единствено се интересираат само за сопствените интереси“.

– Дејтонскиот договор не претставува проблем за БиХ туку тој е едноставно е оправдување за политичарите, изјави Рикер.

Тој како најголеми предизвици за Балканот ги посочи економската криза, додавајќи дека САД го поддржуваат спроведувањето на економските реформи, кои можат да доведат до нови работни места и за справување со корупцијата.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски