ФЕНИ демантира: Нема тужба од Урбан инвест

Од:

ФЕНИ Индустри до овој момент воопшто нема добиено никаква тужба од Урбан инвест преку Основниот суд во Велес, а се разбира не може да изгуби на суд случај кој не постои, соопшти Службата за односи со јавност на ФЕНИ индустри откако во медиумите се објави вест дека компанијата изгубила спор со „Урбан инвест“.

„Не сме изненадени што одвреме-навреме индивидуалци, а еве и помали компании, со дезинформации се обидуваат да извршат притисок врз ФЕНИ за остварување на лични бизнис интереси и задни намери, иако секако не успеваат во тоа. Интересно е што Урбан инвест е во соседството на ФЕНИ веќе со години наназад и се додека Урбан инвест му продаваше варовник на ФЕНИ, немаше никакви поплаки. Откако пред неколку месеци Урбан инвест си го продаде каменоломот, одеднаш ФЕНИ почна да им пречи и да загадува. Впрочем, нивната наводна тужба е неоснована колку што е неосновано да се тужи целото население во Кавадарци зашто постојано наносуваат земја на патиштата од своите трактори, од лозјата што ги одгледуваат“, велат од ФЕНИ.

Би можело да ве интересира

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

Орце Костов

Исклучени печките во „Фени“, вработените една седмица на работа, три дома со 70 % плата

Маја Илиевска-Пачемска

„Еуроникел“: Нема отпуштања во „Фени“ ниту фабриката се продава, почнува плански ремонт

Маја Илиевска-Пачемска