ЕВРООБВРЗНИЦА: Дали новото задолжување е законско и кој ќе стави потпис?

Од:

Кредиторите ќе ја пресметаат и цената на политичкиот ризик кога ќе одлучат да и позајмат пари на Македонија преку новата Еврообрзница, и таа цена нема да биде ниска – сметаат дел од економистите. Но, она што е клучно прашање е кој ќе стави потпис на новото задолжување, кое според договорот од Пржино може да биде и законски спорно. Неделната економска анализа на Порталб.мк на досега издадените Еврообврзници покажува дека досега била издадена само една Еврообврзница со рок на доспевање од 10 години и камата од 4,625% во мандатот на Вмро-Дпмне, додека најскапата и најкраткорочна обврзница е издадена во 2009 та година со рочност од 3,5 години и камата од 9,875%.

Еврообврзница среде политичка криза ….

Владата предводена од Вмро-Дпмне ја издава четвртата по ред Еврообврзница. До сега, само по основ на овој вид на странски заем, Владата ја задолжи државата со 825 милиони евра. Во пресрет на новата, четврта по ред Евообврзница, според економистите важни се неколку прашања, по која цена ќе се задолжи Македонија, колку години ќе треба да го отплаќа новиот долг, но пред се дали треба среде политичка криза Владата да посегне по вакво задолжување.
Според доскорешниот дополнителен заменик министер за финансии Кире Наумов, која стави вето на ланската обврзница од 500 милиони евра, по што задолжувањето се сведе на 270 милиони евра, важно е дали новото задолжува ќе биде законско.

“Во моментов ние како опозиција не сме дел од извршната власт, но на сила се законските измени направени во согласност од договор од Пржино, а кои предвидуваат дека задолжувањата поврзани со избори мора да добијат втор потпис. Во случајов Владата ќе оди на ново задолжување без согласност и опозицијата и секој долг создаден на ваков начин од некоја идна Влада може да се прогласи за нелегитимен“ – вели Наумов.

Дел од економистите оценуваат дека во вакви политички околности, не треба да се издава Еврообврзница.

“Во јавните финансии е дојдено време за консолидација и за транспарентност. Не може и не треба Еврообврзница да се издава во вакви политички околности. Новиот министер за финансии најпрво треба да направи “попис“ на заостантите потенцијални обврски, односно долгови, да ја оцени одржливоста на субвенциите од секаков вид и да ги ревидира последните трошења за “чоколади“ па потоа да ги промени приоритетите на расходната страна и да спроевде ребаланс на Буџетот“, вели за Порталб.мк Марјан Николов од Центарот за економски анализи.

И од Институтот за економски истражувања “Финансе тинк“ посочуваат дека новиот министер пред да стави потпис на новото задолжување, јавно да одговори на неколку прашања.

“За која намена ќе се потрошат парите од еврообврзницата во најава, особено имајќи предвид дека во услови на намален економски раст, ова задолжување станува релативно скапо? Дали владата има достасани, а неизмирени обврски (кон своите доверители, за поврат на ДДВ и сл.) и, доколку има, колку истите изнесуваат? Дали тековните буџетски расходи (плати, пензии, социјална помош) ќе бидат скратени во услови на слаб раст на економијата и следственото ослабнување на кондицијата на буџетот, или на удар повторно ќе бидат капиталните расходи?“, прашуваат од “Финанце тинк“.

Кој ќе стави потпис на новото задолжување?

Поранешниот функционер во Министерството за финансии Наумов проценува дека можно е Владата, во обид да обезбеди пониска камата, да одлучи да се задолжува на пократок , односно среден рок, што секако нема да значи дека земјата на меѓународниот пазар евтино се задолжува.

“Не може да се лицитрира со висината на каматата, но во проценките може да момогне случајот со Хрватска која неодамна се откажа од издавање на Еврообврзница. Имено, Хрватска напрви пресметка дека за заем од една милијарда евра, со рок на отплата на 10 години би плаќала камата од 5%, што е повисока во однос на трите проценти што ги плати за Еврообврзницата само една година претходно. Ако одиме по логиката дека Хрватска, која има политичка криза, но далеку помала од оваа во Македонија и има за нијанска подобри економски показатели во однос на лани, сепак би платила повисока цена, односно во катамата би била преметана и премијата од политички ризики, тога останува да претпоставиме што би се случило со задолжувањето што го бара Македонија“, вели Наумов за Порталб.мк посочувајчи дека Македонија за разлика од Хрватска се соочува со многу подлабока криза и со послаби економски резултати во однос на 2015 година.

Неодамна, екс-премерот Никола Грувески јавно соопшти дека Македонија има потерба од нов заем, посочувајќи дека лани опозициската СДСМ ставила вето на планираните 500 милиони евра што тербаше да се обезбедат од странство.

“Не сум информиран во детали, но од она што го помнам од минатата година, кога СДСМ стави некаков вид на блокада на издавањето на Еврообврзницата, тие, таа деблокада ја условија со тоа што обврзницата да биде издадена само за шест месеци, наместо за една година како што претходно беше планирано и како што е вообичаена пракса во секоја држава. Така што претпоставувам дека ќе има потреба од такво нешто и дека Министерството за финансии и Владата ќе пристапат кон тоа бидејќи тоа е нормален начин за финансирање на дефицитот во една држава“ – изјави Груевски.

Уште едно прашање кое чека одговор е кој ќе стави потпис на новата Еврообврзница. Имено, формално, новото задолжување ќе биде потпишано од новиот министер Кирил Миновски, но прашање во која фаза тој го презеде процесот, односно операцијата за задолжување.

“Да, формално новиот министер ќе стави потпис на Еврообврзницата, но важно е дали преговорите ги истуркал поранешниот Ставрески. Ако тој ги поминал сите фази, вклучувајќи ја и одлуката за задолжување на владина седница, тогаш 99% носител на ова задолжување е Ставрески. Од друга страна пак не познато дали можеби тој само почнал да ги истува пазарот или пак можеби се протиставил на ова задолжување“, вели за Порталб.мк Наумов.

Досегашниот министер за финансии Зоран Ставрески, кој на оваа позиција истурка најдолг мандат во однос на неговите претходници, стави потпис на две Еврообврзници во вкупна вредност од 770 милиони евра. Една ја издаде во 2014 година во вредност од 500 милиони евра, рок на отплата седум години со камата од 3,975%. Втората Еврообврзница зад која застана Ставрески се издаде лани, пришто Владата позајми 270 милиони евра. Овој заем ќе се враќа во период од пет години со камата од 5,125%. Владата предводена од Никола Груевски претходно издаде уште една Еврообврзница во 2009 та година кога со потпис на тогашниот министер Трајко Славевски се обезбедија 175 милиони евра со рок на отплата 9,875% и рок на отплата од три години.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов