Репрезентацијата на Чешка го направи најголемото изненадување во досегашниот тек од Евробаскет 2015, откако денеска во осминафиналната пресметка ја совлада фаворизиранатаХрватска со убедливи 80:59.
Уште по првата четвртина (20:13) Чешка ја најави победата, за на полувреме да се замине со 48:31. По третиот период резултатот изнесуваше 65:43, за на крајот Чесите да триумфираат со убедливи 21 поен разлика.
Противник на Чешка во четвртфиналето ќе биде победникот од дуелот Србија – Финска што се игра со почеток од 14:30 часот.
До крајот на денот ќе се одиграат последните две осминафинални средби:
Израел – Италија (18:30)
Литванија – Грузија (21).