„Еурокомпозит“ потпиша колективен договор со Сојузот на синдикатите

Од:

Менаџерскиот тим на фабриката „Еурокомпозит 11 Октомври“ во Прилеп денеска потпиша колективен договор со Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Договорот го потпишаа генералниот директор Марјан Додовски и претседателот на УО Христо Најденов и претседателот на основната организација на синдикатот во фабриката Цветан Боцески и претседателот на гранковиот Синдикат за индустрија, енергетика и рударство, Пеце Ристевски.

Според генералниот директор на „Еурокомпозит“ Марјан Додовски, со колективниот договор се гради доверба меѓу вработените и менаџерскиот тим кој почнал редовно да ги исплаќа платите на 290-те вработени во компанијата која е последен загубар чиј статус се решава. Има заостанати долгови од еден милион евра.

– Овој документ, сам по себе не треба да претставува само како пишан акт кој треба да се реализира, меѓутоа за мене значи чин на градење на доверба помеѓу вработените и менаџерскиот тим на „Еурокомпозит“. Верувам во изминатата година почнавме да градиме систем на доверба, започнавме да решаваме одредени горливи проблеми кои децении тежеа во фирмата, но чекор по чекор почнавме со санирање на старите проблеми, рече Додовски, дополнувајќи дека
сега во Еурокомпозит не постои вработен кој не е здравствено осигуран и минато се оние потврди за лекување кои се издаваа од пред една година и вработените може да го користат елементарното право на здравствено осигурување.

– Почна динамика на редовно исплаќање на нето платите и оваа година се трудиме да ја задржиме динамиката и до 10-ти во месецот вработените да имаат редовни примања. Верувам дека 2016 година ќе ја завршиме со попозитивни резултати од минатите години, а 2017 година можеби ќе биде и клучна за пресвртницата во „Еурокомпозит“. Компанијата има околу 290 вработени. Вработените земаат дел нето, дел бруто плата. Во делот од бруто платата им се платени здравственото и дел од пензиското осигурување. А другиот дел, три-четвртини што со години не е плаќано, треба да се решава. Останати долгово од изминатите пет до шест години се околу еден милион евра. Инаку, имаме и ќе имаме конкурси за вработување за специфични кадри. Со синдикатот имаме добра комуникација и во тек е изработката на новата систематизација, изјави Додовски.

Тој најави дека почнува процесот на стабилизација на овој македонски загубар кој има тековни договори со Министерствата за одбрана и за внатрешни ртаботи, со странски фирми и назнака за потпишување нови, подигнувајќи го квалитетот на работењето.

– Изминатава година се потрудивме да работиме на квалитетот на нашите производи и во квалитетот на менаџирањето. За тоа сведочи и новиот сертификат што го добивме вчера – ИСО 9001 и ќе важи до 2018 година. За потврдата во квалитетот говорат корисниците на нашите услуги – Министерствата за внатрешни работи и за одбрана. Овој колективен договор треба да претставува една рамка во која ќе се движиме сите во Еурокомпозит и е а сите – и за менаџерскиот тим и за вработените. Верувам дека полека почнува да се бриши темната дамка што ја имаше фирмата како загубар и во иднина Еурокомпозит ќе биде респектабилна компанија не само во македонија, туку и во Југоисточна Европа. Имаме разговори и преговори со многу меѓународни компании за склучување договори и верувам дека 2017 година ќе биде обележана со поголеми договори за пласман на производите од балистичката заштита.

Во моментов имаме еден важечки тригодишен договор со Министерството за внатрешни работи и ова е втората година од неговата реализација. Имаме неколку договори со компании од Србија, произведуваме и за две компании од Босна и Херцеговина. Во завршна фаза се договори со две странски компании за балистичка и заштитна опрема за кои не би споменувал детали, а станува збор за поголеми количества и суми, рече Додовски.

За претседателот на гранковиот синдикат Пеце Ристевски договорот значи обврски и права на двете страни и се надева дека компанијата ќе се стабилизира и ќе се подмират долговите спрема вработените од еден милион евра.

– Самиот чин на потпишувањето на колективниот договор со Еурокомпозит 11 Октомври става до знаење дека фирмата излегува надвор од зоната на безнадежни компании. Со договорот, двете страни преземаат обврски за она што е во него напишано, а, се разбира, имаат и права. Тоа значи дека раководството е подготвено да ги реализира запишаните права на работниците, а евидентно е дека обемот на производство се зголемува. Очекуваме дека во компанијата ќе се подобруваат условите, и така ќе ги подобруваме решенијата од колективниот договор, изјави Ристевски.

Сепак, додаде, останува обврската раководството да обезбедува работа, а работниците навреме и квалитетно да ја завршуваат. Се надевам дека ќе се решаваат прашањата, а меѓу нив и заостанатите долгови на компанијата кон работниците на име здрвствено и пензиско осигурување. Нема да заборавиме да притиснеме да се решава сето тоа и спрема Владата, зашто ова е целосно државна фирма, а од загубарите само Еурокомпозит остана со нерешен статус, рече Ристевски.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов