„Етихад Ервејс“ ангажира „летечки дадилки“

Од:

Вистински кошмар за поголемиот дел од патниците во авионите е дека ќе добијат место покрај родители со мали деца. Меѓутоа еден авионски превозник има решение за тоа.

„Етихад Ервејс“ еден дел од својот екипаж го претвори во „дадилки“ на долги летови.

„Летечките дадилки“ им се достапни на патниците во сите класи и им помагаат да ги забавуваат, хранат и ги смират децата. Услугата е бесплатна.

Повеќе од 500 стјуардеси сега имаат улога на „летечки дадилки“ кои поминале обуки. За време на обуката тие учеа за детската психологија и социологија, со цел да се обучат како да постапуваат со деца на различни возрасти.

Истражувањето кое опфати 15.000 патници покажа дека немирните деца се најголем извор на стрес во авионите, а бебињата кои плачат се најнепосакувани сопатници.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска