ЕСРА ќе додели две стипендии во рамки на „Анимакс Скопје фест“

Од:

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА ќе додели две стипендии од по 3.000 евра на четвртиот Фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје фест“, што ќе се одржува од 4-ти до 6 декември во Кинотека на Македонија.

За стипендијата може да се пријават сите ученици од четврта година средно образование и со завршено средно образование кои имаат талент за цртање.
Заинтересираните треба најдоцна до 4 декември да ги пратат своите лични податоци (име и презиме, возраст и број на телефон) заедно со цртежи во која било техника и на која било тема на мејлот на фестивалот:

[email protected] или [email protected].

Од пристигнатите апликации ќе бидат избрани шест, кои на 6 декември во просториите на ЕСРА ќе учествуваат на работилница за традиционална 2Д анимација, на која ќе предава Гоце Господиновски.

На најдобрите двајца учесници ќе им бидат доделени стипендиите од по 3.000 евра. За работилницата не е потребно предзнаење, освен поседување талент за цртање.

Работилницата се организира за промоција на анимацијата и да се поттикне креативниот потенцијал кај младата популација.

„Анимакс Скопје фест“ го организира продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Министерството за култура и Кинотека на Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ