„Еразмус плус освежување“ на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Од:

Центарот за меѓународна соработка при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска во Мултимедијалниот центар го организираше отворениот ден за студентите кои сакаат да се запознаат со програмата „Еразмус плус“.

Сања Стефановска од Центарот за меѓународна соработка информира дека конкурсот е распишан и ќе трае до 20 ти октомври, а студентите ќе можат еден семестар да поминат на некој од 160 универзитети во Европа, со кои имаат потпишано договори за студентска размена.

– Конкурсот е распишан за 60 студенти за студии и за 30 места за студиска пракса. Веќе две години секој семестар го распишуваме „Еразмус плус“ конкурсот. Доколку има интерес студентите да бидат дел од оваа програма, бројот секоја година ќе се зголемува и ние ќе аплицираме за нови места, појасни Стефановска.

Студентот Стефан Постолов од Електро-техничкиот факултет денеска пред студентите од повеќето факултети го сподели своето искуство од програмата „Еразмус плус“, кој еден семестар студирал на универзитетот во Картегена во Шпанија.

– „Еразмус плус“ ми овозможи да стекнам нови пријатели, нови колеги, да работам на проекти и да студирам на нов начин на кој што не ми беше овозможено можеби овде. Да посетам многу лаборатории и да добијам знаење кое е важно за мене, рече Постолов.

На денешниот отворен ден кој е насловен „Еразмус плус освежување“ студентите од штипскиот универзитет ги добија сите потребни информации како да аплицираат за оваа програма.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он

Поради паричен долг млад штипјанец со пиштол пукал во сограѓанин