Економија: Косово најбрзо, БиХ најбавна

Од:

Можеме да процениме дека ни требаат 35 години да ја достигнеме просечната развиеност на Европската унија.

Последниот извештај од Светска банка за висината на БДП по жител е налик на нашата позната народна поговорка: Кадија те тужи, кадија те суди.

Ова сценарио ме потсетува на убиец од древните времиња, кој искористувајќи гужва, го извлекол малиот нож и го употребил, а потоа прв викнал: Убиство!

На сите меѓународни организации, заедно со Светска банка, добро им се познати овие бројки, со чии двојни постапки значајно придонеле. Тоа никако не ги амнестира домашните политичари, чија негрижа, во голема мера, Босна и Херцеговина и соседните земји без исклучок ги направи зависни од овие организации.

Според обемниот извештај, БиХ го зазема 91 место, што е најлоша позиција во однос на земјите во регионот. Хрватска се наоѓа на 46 место, Црна Гора на 71, додека Србија е на 79 место од вкупно 215 држави и управни региони од целиот свет кои се наоѓаат на пописот на овој извештај.

Според податоците од тој попис најразвиена земји е Луксембург, со висина на БДП од 111.162 долари по жител. Резултатите на најразвиените земји ни говорат дека последните децении светското стопанство чекорело со чизми од седум милји. Евидентно е дека пазарните промени биле толку брзи што со право може да се каже, посебно од оваа временска одредница, дека тој што не трча, заостанува. На наша голема жал, во која соседите можат речиси рамноправно да соочувствуваат со нас, наместо да трчаме, ние заостануваме.

Потребни реформи

Иако аналитичарите на Светска банка планираа раст на БДП за земјите од регионот од 1,9 отсто во оваа година и 2,6 отсто во следната година, од тоа нема да биде ништо.

Според проценките, само во Босна и Херцеговина штетите од поплавите изнесуваат речиси 20 отсто од БДП. Имајќи предвид дека висината на БДП дава реална слика за економскиот раст и животниот стандард, судејќи според резултатите на Светска банка можеме да заклучиме дека земјите во регионот континуирано назадуваат и предначат во неразвиеноста.

Тоа значи дека по третина од векот или цела една генерација, стопанствата на земјите во регионот не се во состојба да создадат вредност која би се приближила на просечната вредност која ја создава Европската унија. Како главен виновник за долгорочната стагнација на БДП се наведува кумулативната загуба на производството поради војната, од една  и трансформациската рецесија на стопанството поради приватизацијата од друга страна.

Во двата случаи прикажано е дека причината за лошата состојба во економијата е долгорочната структурна слабост, која неминовно се одразува и на општата слика на економијата. Тука предначат пазарот на трудот, јавната администрација, индустриската структура, јавната потрошувачка и многу други слабости во било кој дел на бавното функционирање на системот.

Иако наведените области со години претставуваа подрачје на реформските приоритети, впечаток е дека носителите на структурната политика не ја сваќаат сериозноста на тие реформи, сметајќи дека поради политичка експедитивност т.е. кус мандат и желба за друг, парцијалните реформи се доволни економијата да се покрене. Меѓутоа, за излез од лошата состојба во економијата потребна е сеопфатен пристап.

Очигледно е дека денес никој не раководи со податоците од официјалната статистика, сметајќи дека податоците во реалност се драстично поинакви отколку на хартија. Ако БДП покажува вредност на финалните добра и услуги произведени во една земја во текот на годината во парични единици, тогаш ваквите оценки до некаде можеме да ги разбереме.

Во БДП не се вброени податоците во сивата економија, која цвета на овие простори. Најголемиот простор за сивата економија е во градежништвото, трговијата и услугите. Секако, овие показатели, за кои сите сме свесни дека се наша секојдневна реалност, значајно го доведуваат во прашање како да се води економската политика, ако немаме податок колкаво е вистинското ниво и насоката на промените на реалниот БДП.

Меѓутоа, кога би се додале и тие бројки, БДП и понатаму би заостанувал зад просекот на ЕУ. Кога, на пример, би го споредиле нашиот БДП со годишната вредност на продажбата на водечките светски компании, Босна и Херцеговина би се нашла некаде на 150 место, меѓу компании како што се Мајкрософт, Џонсон и Џонсон или Епл.

Значи, во светот на пописот се наоѓаат 119, а во САД само 36 компании, чија годишна вредност на продажбата е поголема од годишната вредност на продажбата на сите компании, на сите граѓани и на сите дејности во нашата Босна и Херцеговина. Релативно малиот БДП е добар показател на заостанувањето и неразвиеноста.

Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија спаѓаат во релативно сиромашни држави, чии пазари не се крупни ниту пак интересни. Показателите кои ги објави Светска банка не треба да ги премолчиме само како куп бројки кои повторно ни покажуваат како сме сиромашни и неразвиени. Овие податоци треба да се толкуваат во контекст на политичката положба, заинтересираноста на партнерите, преговарачките позиции, светскиот пласман, ризиците на земјите и други импликации кои ги предизвикува или може да ги предизвика.

Тешка инвестициска клима

Најновите истражувања покажуваат дека БиХ најголем раст на БДП забележала во 2011 година, кој изнесувал 4.754 долари по жител, што се приближува на нивото на стопанскиот развој како пред почетокот на војната. Меѓутоа, со оглед на тоа дека постојано зборуваме за европскиот пат, малку ќе ја анализираме позицијата на Босна и Херцеговина во контекст на овие показатели. Имено, наспроти 2011 година, како година на најголем раст на БДП, можеме да констатираме дека БДП на Босна и Херцеговина и тогаш бил под 50 отсто од просекот на ЕУ.

Кога овие податоци би ги споредиле со очекуваните стапки на раст за тој период, можеме да процениме дека ни се потребни 35 години да ја достигнеме просечната развиеност на ЕУ. Значи, можеме да зборуваме за 19 загубени години по војната, кои тешко можат да се надоместат.

Меѓутоа, следните години БДП падна на 4.396, додека лани забележа раст на 4.656 долари по жител. Очигледно е дека тоа сеуште не е ни приближно доволно за посилен развој на економијата и зголемен стандард на граѓаните.

Една од целите на Босна и Херцеговина е да се одлепи од под просечната позиција и колку толку да ја ублажи позицијата на фенераши според растот на БДП во однос на Хрватска, Црна Гора и Србија. За да се постигне тоа, БДП треба значајно да се зголеми и да се одржува на двојно поголема стапка од просечната развиеност на ЕУ.

Тоа е можно да се постигне исклучиво со формулација и имплементација на агресивната развојна стратегија. Меѓутоа, во дадено време и дадени околности дуплото зголемување на стапката на раст во однос на просечната развиеност на ЕУ е невозможна мисија. Не е претерано да се каже дека поради постојаното намалување на конкурентноста, домашната економија стагнира и заостанува.

Наспроти позитивните предвидувања, Босна и Херцеговина и понатаму останува економија со најбавен раст, а Косово со најбрз раст. Неповолниот пазар на трудот, тешката инвестициска клима и намалената лична потрошувачка само се некои меѓу бројните фактори кои придонесоа за намалување на конкурентноста и зголемување на трошоците.

Ваквата состојба, ако продолжи, неминовно ќе доведе до продлабочување на должничкото ропство и патолошка зависност од меѓународните организации, кои едвај чекаат да ни пружат помош.

Ал Џезира Балкан – Сараево

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски