ЕЕЗ: Договорот меѓу Макпетрол и Владата на Северна Македонија се ближи до целосна реализација

Од:

Крајот на 2020 година донесе значаен напредок на пазарот за гас во Северна Македонија, пишува Европската енергетска заедница (ЕЕЗ) во осврт на состојбите на пазарот во земјава.

„На 28 декември 2020 година, Собранието на РСМ усвои закон кој ја овластува Владата да потпише договор со кој се решава спорот меѓу Макпетрол АД Скопје и Република Северна Македонија. Веднаш по ова, двете страни потпишаа договор за порамнување. Договорот го означува крајот на спорот кој го парализираше развојот на секторот за гас во земјата во изминатите 23 години,“ се вели во текстот на ЕЕЗ.

Владата сега може да го купи уделот на Макпетрол од 50 отсто во ГА-МА, компанија која управува со преносот на гас од македонско-бугарската граница до Скопје. Двете страни исто така се сложија да ги запрат сите активни судски процеси во врска со спорот. Сега, кога нема потенцијални проблеми со сопственоста, раздвојувањето на операторот на системот за пренос на гас се очекува да биде финализирано до крајот на годинава, пишуваат од Европската енергетска заедница.

Двете страни се согласија на решавање на спорот уште во ноември 2019 година, на сесија за медијација во Виена, со помош на медијаторот Дирк Бушле, се додава во соопштението од ЕЕЗ.

Би можело да ве интересира

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он