Едмонд Темелко: Македонците од албанските партии во Албанија да се приклучат на партијата на Mакедонците

Од:

Властите во Албанија признаваат само 5% од вкупната популација на Македонци кои живеат во Албанија обвинува Едмонд Темелко претседател на македонската партија за европска интеграција и градоначалник на Пустец.

„Албанија признава постоење на македонско малцинство само во регионот на Мала Преспа. Во останатите делови каде што има значителен број на Македонци како што се областите Гора, Голо Брдо, во градовите Корча, Тирана, Билишта, Подградец, Елбасан каде има значителен број на Македонци, тие не се признаваат и немаат никакви основни права како Македонци. Властите во Албанија се плашат од бројот на Македонци во Албанија и затоа признаваат само 5% од Македонците“ вели Темелко.

Темелко вели дека властите во Тирана треба да го надминат стравот од признавање на Македонците на цела територија на Албанија
„Ќе започнеме со подготовки на обединување на сите Македонци кои живеат во Албанија но и надминување на одредени потесни интереси на одредени Македонци кои се вклучени во албанските партии. Сакаме сите Македонци да бидат дел од македонската партија. Со тоа ќе биде исполнет неопходниот цензус потребен за да може и ние да имаме наш претставник во парламентот на Албанија, и за да да може од таму и полесно да ги бараме нашите права“ рече Темелко.

Едмонод Темелко вели дека иако поминаа неколку месеци од пописот во Албанија, властите се уште ги немаат објавено резултатите за бројката на малцинствата кои живеат во Албанија. Според неофицијалните проценки во Албанија живеат повеќе од 150.000 Македонци.

Мики Трајковски