ДУП Дебар Маало, легализациите, паркирањето – теми на средбата со Жерновски со граѓаните

Од:

„Дебармаалци бараат паркчето во дворот на Министерството за култура да се отвори за да може граѓаните да ја користат оваа зелена површина. Ова, Владимир Трпковски, му го предложи на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на денешната средба со граѓани.

Трпковски вели дека 66 години живее во Дебар Маало и сака ова населено место да ја врати старата убавина и повторно да стане едно од најавтентичните скопски маала.

Градоначалникот Жерновски посочи дека тоа ќе биде и негов став во конечниот предлог на ДУП “Дебар Маало“ и тука, наместо зграда, да се освои нова зелена површина“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Sredba so gragani 1-1-2015 (2)

„Жителите ќе потпишат петиција овој простор да стане јавна површина и да отвори оградата на дворот на Министерството за култура и да се постави урбана опрема.

Тие посочуваат дека мора да има измени и во пазарчето “Буњаковец“. Срамота е, велат тие, тезгите да се валкани, а зелените производи да се оставаат по земја, на картонски кутии. Нивен предлог е и “кревање“ на пазарчето, со метална конструкција, поради проветрување, поголема хигиена и подобри услови и за пазарџиите и за купувачите.

На средбата со граѓани, градоначалникот посочи дека за овој ДУП се пристигнати рекордни 421 анкетен лист. Тоа, посочија граѓаните, се 421 домаќинство, кои бараат подобро живеење во Дебар Маало и желба за ова населено место, како што и самите велат, да изгледа светски“, соопштуваат од Општина Центар.

Sredba so gragani 1-1-2015 (1)

„Од кај нас излегува болката и предлозите, од кај Вас – соработката, од која сме задоволни“, му порачаа на Жерновски.

„На редовната средба со градоначалникот Жерновски и соработниците, граѓаните ги изложија проблемите со паркирањето, осветлувањето, гласната музика, урбанизмот, легализацијата.

Веднаш, надлежните од општина Центар, добија задачи од градоначалникот Жерновски да се излезе на терен, да се констатира состојбата и да се изнајде решение за проблемите“, велат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории